За првпат досега, „National geographic traveler“ ги поканува читателите да учествуваат во создавањето на најновото издание, поточно во изборот на насловната фотографија за списанието. Се работи за кампања наречен „Your shot“, за време на која секој може да испраќа фотографии за насловната страница. Победничката фотографија ќе биде одбрана од уредниците на списанието, а истата ќе се појави на насловницата на изданието декември 2016/јануари 2016. Што треба да направите доколку сакате вашата фотографија да биде на насловната страница? Едноставно, одберете ја вашата омилена фотографија од омилената дестинација која сметате дека заслужува да се најде на насловната страница на списанието и поднесете ја најдоцна до 22 септември. Досега пристигнале многу фотографии, а уредниците споделуваат некои од потенцијалните финалисти.