X
 02.05.2024 Живот

Што би се случило ако Курт Кобејн би бил денес жив?

Кога уметниците за брзо време ќе станат познати, каква иднина ги чека?

Во случајот на Курт Кобејн, никогаш нема да дознаеме. Но, тој остави зад себе неколку насоки.

Она што е најинспиративно за Кобејн е колку тој постигнал и колку брзо неговите музички хоризонти се прошириле за краток временски период. Дали неговиот креативен немир би продолжил? Да беше жив Кобејн денес, ќе имаше 57 години.

Со кого би соработувал и како би се вклопил во музичкиот и културниот пејзаж денес?

Кобејн бил подготвен да се справи со непредвидливи околности, делумно поради уникатните квалитети по кои не бил познат: приспособливоста и смислата за хумор. Културните историчари и новинари имаат тенденција да го гледаат Кобејн како несреќен, депресивен зависник од ерата на гранџ-музиката, симбол на осудената генерација.

Она што недостасува во денешните пофалби за овој музичар е идејата дека Кобејн всушност имал луда, иако малку мрачна смисла за хумор. Во песните, фрагментите од текстовите и зачудувачките споредби, се гледа дека тој не само што ја ценел апсурдноста на својата неверојатна слава и успех, туку и дека самиот придонел за тоа.

Тинејџерски бунт


Во песната на „Нирвана“, „Serve the Servants“, Кобејн пее: „Teenage angst has paid off well/Now I'm bored and old“ (Тинејџерскиот бунт се исплати добро/сега сум стар и ми е досадно). Ова може да ви изгледа како цинично и безнадежно, но покажува и дека Кобејн можел да си се смее себеси.

Речиси ништо што тој направил не било проѕирно.

Она што го прави интересен уметник е неговата сложност, противречностите и начинот на кој ги спојува зборовите. Колку сето ова било калкулирано, никогаш нема да дознаеме.

Во ноември 1993 година, неколку месеци пред неговата смрт, Кобејн возбудено зборуваше за неговиот следен потег. Тој сакаше следниот албум да има повеќе акустични инструменти, покомплексни аранжмани, нешто што ќе го фрли подлабоко во интроспекција и темната убавина на Ник Дрејк или Скип Спенс (основачот на групата Моби Грејп).

Пристапот дефиниран на албумот „МТВ ангплагд“ во Њујорк беше еден можен чекор напред. На тој албум, Кобејн најде нова инспирација потопувајќи се во музиката на неговите херои и инспирации: Лед Бели, Мит папетс и Вазелинс, како и Дејвид Боуви. Тој песните ги сведе на најосновното: глас, гитара, малку бас и тапани.

Копање по душата


Само неколку месеци пред тоа, Кобејн звучеше несигурно, преиспитувајќи се себеси за последниот албум на „Нирвана“, „In Utero“.

„МТВ Анплагд“ понуди неколку одговори, начин како да се избегне дсадата и небитноста.

Мајкл Стајп од РЕМ изјави дека тој и Кобејн разговарале за можна соработка во неделите пре неговата смрт.

И сосема е можно да се замисли Кобејн не како човек кој живее на сметка на старата слава, организирајќи турнеја со „Нирвана“ по повод 35-годишнината, туку како музички скитник кој се појавува во широк спектар на проекти, како неговиот колега Марк Ланеган.

Кобејн не би бил во центарот на популарната култура, но сигурно не би бил ни носталгичар.

На Кобејн никогаш не му било удобно да биде во центарот на вниманието, па еднаш изјави дека ја сака славата на Џон Ленон, но и анонимноста на Ринго Стар.

Да беше жив денес, веројатно би продолжил во некоја нова насока во потрага по инспирација како Дилан, Ланеган, Лу Руд или Нил Јанг, и не би се претворил во џубокс со најголеми хитови. Веројатно не би бил толку голема ѕвезда, бидејќи никогаш не го сакаше постојаното медиумско внимание.

Но, би бил релеванен музичар затоа што би бил доволно љубопитен за да продолжи да истражува.

Со кого би можел да соработува?


Веројатно би сакал да соработува со уметници кои имаат тенденција да преземаат музички ризици и музичари со жива смисла за хумор: Џош Хом, Кејтлин Хана или Џејк Вајт.

 

Извор: ВВС
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот