X
 05.02.2020 Наука

И кучињата може да лажат за да го добијат тоа што го сакаат

Знаеме дека кучињата се интелигентни и затоа имаме доверба во нив, па оставаме да ни го чуваат домот, водичи се за слепите и помагаат во полициските истраги. Но, кучињата заслужуваат многу повеќе од тоа. Не само што постојат истражувања што покажуваат дека тие разбираат што им кажуваме, туку и покажуваат дека кучињата може да користат стратегии за да добијат нешто.

Истражувањето објавено во списанието „Енимал когнишн“ вклучило 27 кучиња од различни раси на возраст помеѓу 1,5 и 14 години. Научниците сакале да откријат дали кучињата ќе се обидат да ги измамат луѓето што не ги сакаат. Излегува дека кучињата можат да нè лажат со помош на нивното однесување, ако тоа значи дека ќе го добијат она што го сакаат.

Прво истражувачите спровеле тестови за да видат која храна најмногу ја сакаат кучињата, колбас или кучешки бисквит. Следно, на кучињата им биле покажани три кутии: едната ја содржела нивната прва омилена храна, втората кутија ја содржела втората омилена храна, а третата кутија била празна. Две девојки им давале команди: „Покажи ми ја храната“, така што кучињата биле научени да им ја покажат на девојките кутијата што содржела храна што тие ја сакаат.

kuce
Фото: Pixabay

Едната девојка соработуваше и беше дарежлива со кучињата, што значи дека ако ѝ ја донесеа кутијата со омилената храна, кучињата ја добивале храната како награда. Другата девојка воопшто не соработувала и била себична, така што кучињата не добивале храна ако ѝ ја однеселе кутијата со храна - таа ја земала храната и ја ставала в џеб. Потоа кучињата оделе кај нивните сопственици, кои им ги давале истите команди. И сопствениците им ја давале храната како награда. Ако кутијата веќе била празна бидејќи храната ја зела „себичната“ девојка, кучињата не добивале ништо.

Постоело шанса тие да користат тактика за да ги доведат до заблуда девојките. Резултатите покажале дека кучињата ја воделе „дарежливата“ девојка до кутијата со нивната омилена храна речиси 80 отсто од времето. Додека „себичната“ девојка била водена до кутијата со омилена храна 20 отсто од времето. Ова ги натерало истражувачите да заклучат дека кучињата се во можност да нè лажат ако тоа им оди во корист.

Секако, истражувањето не значи дека повеќе не можеме да им веруваме на кучињата. И понатаму тие му се верни на човекот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука