Еден од највпечатливите симболи на Лондон - Биг Бен, кој е точен со времето веќе 156 години, започна да доцни.
Биг Бен претставува симбол за точност, бидејќи во точно време, повеќе од еден век чука со своето ѕвоно на секои 15 минути. Но, официјално е објавено дека Биг Бен сепак не е толку точен и дека во последно време започнал да доцни. Сега доцнењето може да се измери и изнесува шест секунди.
Доцнењето било забележано вработените во радиото BBC кои секој ден во 18 часот во живо го пренесуваат ѕвонењето на Биг Бен. Еден од тројцата вработени за одржување на Биг Бен, Иан Весворт, го „оправда“ доцнењето на ѕвончето.
„Замислете дека во последните 156 години вашиот автомобил го возите 24 часа дневно, 365 денови во годината“, вели Вестворт.
Биг Бен ѕвони без престанок веќе 156 години, а не „замолчи“ ниту за време на Втората светска војна, кога германската војска го бомбардираше Лондон. Досега се случило неколку пати да не се слушне ѕвоното - некогаш поради поправка, некогаш поради лошите временски услови.
Оваа лондонска кула е позната како Биг Бен, иако Биг Бен се нарекува ѕвончето во неа кое тежи 13 тони. Кулата од 2012 година официјално се вика Кулата на Елизабета, со што се одбележала 60 годишнината од владеењето на кралицата Елизабета II.