X
 22.12.2015 Култура

Зошто НАСА не се вратила на Месечината?

Зошто вселенската агенција веќе не испраќа мисии на нашиот природен сателит?

До 1966 година, вселенската трка го достигнала врвот. НАСА го имала најголемиот буџет во историјата - 5.933 милијарди долари. Оттогаш, поддршката за вселенските програми започнала да се намалува и покрај успешното стигнување во Месечината во 1969 година.


Само една година по овој успех, НАСА морала да се соочи со големи дупки во буџетот, но некако успеала да испрати уште пет мисии на Месечината. Во 1970 година било објавено дека мисијата „Аполо 20“ ќе биде откажана во корист на нов проект, „Скајлеб“ и биле најавени последните три мисии во рамките на „Аполо“. Белата куќа сакала да ги откаже мисиите уште по 15-от Аполо, но НАСА се изборила да не стигне до тоа.



Јуџин Сернан бил последниот човек кој стапнал на Месечината, и тоа во далечната 1972 година. Имено, проблемот бил во нафтената криза со која се соочила Америка во 1973 година, која потполно ги сменила приоритетите на нацијата.

Во вселенските програми се инвестирало и понатаму, но со многу повеќе ограничувања. Ова влијаело на истражувањето на Месечината од страна на НАСА, но и остатокот од нашиот Сончев систем.















Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура