X
 15.03.2024 Живот

Преседан во Шпанија - по разводот, мажот мора да плаќа алиментација за домашното милениче

Маж во Шпанија по разводот ќе мора да плаќа алиментација за кучето. Ова го одлучи Основниот суд во шпанскиот град Виго во согласност со новата законска рамка.

Според пресудата, за кучето продолжила да се грижи жената, додека нејзиниот поранешен сопруг ќе плаќа 40 евра месечно и уште половина од сумата за итни и ветеринарни трошоци.

Во 2020 година шпанскиот парламент го усвои Законот за правна регулација на животните, со кој домашните миленици се признаваат како живи суштества, а не како предмети, односно тие се целосно интегрирани во финансиските аранжмани на семејната единица по разводот.

Случајот во Виго поставува преседан за тоа како се гледаат и третираат милениците во правните спорови.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот