X
 23.01.2016 Наука

Зошто лековите имаат опасно влијание на жените?

Сите ние одиме на лекар и тоа го правиме со доверба и верба дека тестовите кои тие ги порачуваат и лековите кои ги препишуваат се основани на докази кои треба да ни помогнат. Меѓутоа, во реалноста, тоа секогаш не било случај со секого.

Алисон Мекгрегор за време на говор на ТЕД-конференција изјави дека откритијата на медицинската наука во текот на изминатиот век се основани на само половина од населението. Таа е доктор по ургентна медицина. Таа вели дека докторите секогаш ги препишуваат истите лекови за мажите и жените, како да нема никаква разлика меѓу нив. Токму тоа може да биде проблемот.

Неодамнешно истражување покажало дека 80% од лековите кои се повлечени од пазарот биле повлечени поради несаканите последици на жените. Но, зошто се дозволува откривање на несакани последици на жените дури откако тие се на пазарот?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука