X
 22.02.2016 Живот

Бесплатен онлајн курс за фотографирање

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за фотографијата како форма на уметничко изразување и нејзината употреба како медиум за создавање приказна, можете бесплатно да се регистрирате на курсот кој ќе го води Сара Меистер, куратор на фотографскиот одделение на Музејот „МОМА“.

 

онлајн


Курсот го носи насловот „Seeing through photographs“ и користи богата фотографска архива, која се одржува во овој музеј. Иако фотографирањето, гледањето и споделувањето на фотографии стана природна работа за многу од нас, нашите секојдневни средби со фотографиите не` прават секогаш визуелно писмени. Овој курс има за цел да го премости јазот помеѓу набљудувањето и вистинското сфаќање на фотографијата со воведување на различни идеи, пристапи и технологии позади нив.

„Seeing through photographs“ е поделен на шест недели, а се состои од шест кратки филмови, четири видео разговори и шеснаесет предавања. Во текот на првата недела, курсот ве воведува во следење низ фотографиите, а потоа учите и за различни области на уметноста, документарна фотографија, портрети, употреба на фотографијата во креирање на приказна и на крајот современа фотографија и визулената култура.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот