X
 06.06.2016 Образование

Порано учениците се носеа во посета на културни знаменитости, денес во домот на Цеца

Ученици од трето одделение од основното училиште „23 октомври“ од Сремски Карловци, во рамки на еднодневна екскурзија во Белград биле однесени во посета на домот на Светлана Ражнатовиќ - Цеца, со која било организирано дружење, а децата како подарок добиле и потпишано ЦД, пренесува „021“.


За овие настани од екскурзијата српскиот портал дознава од еден родител на ученичка од училиштето, која била на екскурзијата.

- На моето прашање како било на екскурзија, првото што ми го кажа е дека биле кај Цеца дома, дека куќата и` е огромна, дека добиле автограм и ЦД од неа лично. Моето дете не е воспитано така што да знае која е Цеца, особено не да и` се восхитува на таква личност и од неа да бара автограм - изјавил родителот.

Родителот лично го побарал директорот на училиштето, кој му објаснил дека учителките Цеца веројатно ја сретнале на паркинг, по што започнал да го навредува. Новинарите се обиделе да добијат коментар од директорот на училиштето, но тој го прекинал разговорот откако ја дознал причината за повикот.

Од училишната управа не сакале да го коментираат случајот бидејќи ги немале сите информации, додавајќи дека ниту едно училиште не смее да отстапува од планот за училишна екскурзија. Според официјалниот план, било предвидено да се посетат Зоолошката градина, Авалската кула, Музејот на авиони и стадионот на Црвена ѕвезда.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование