X
 09.09.2016 Економија

Само една компанија од Македонија се најде во најдобрите 500 во Средна Европа

На овогодишната ранг листа на 500 најголеми компании во Средна Европа, Македонија има само еден претставник -  компанијата „Johnson Matthey“, која се најде на 157-то место.  

 

2


Од земјите од поранешна Југославија Словенија има најголем број на претставници (17), а веднаш после неа следува Хрватска (13) и Србија (7) и Босна и Херцеговина (2). Најдобра компанија во регионот е Агрокор.

 

1


„И покрај значителниот процент на промени во нивото на приходи, трите најголеми компании го задржаа своето место на ранг-листата. Најголемата компанија во Средна Европа останува полската нафтена компанија „PKN Orlen“ со 21.1 милијарди евра приходи од продажбата. На второ место е унгарската „MOL“, со 13.3 милијарди евра приходи, додека на трето место се наоѓа „Škoda“ со 11.5 милијарди евра“, вели Марина Тонжетиќ, партнер во одделот за ревизија.

 

2


Полските компании продолжуваат да доминираат на листата, и претставуваат повеќе од една третина од вкупниот број на компании кои се најдоа оваа година на листата. 

 


Тука можете да го погледнете извештајот во целост.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија