X
 29.03.2017 Култура

Која е мистериозната бабичка од филмот „Кој тоа таму пее“?


Сцена од филмот „Кој тоа таму пее?“
(Фото: Screenshot)

Колку пати сте го гледале филмот „Кој тоа таму пее“?

Имено, култниот филм на Слободан Шијак од 1980 година ја следи приказната на патниците во распаднатиот автобус кој патува преку брда и ридови кон Белград, во пролетта 1941 година, пренесува Noizz.rs.

Ги знаеме и култните реплики од филмот: „Вози Мишко“, „И тато би сакал, сине“, “Пушката е закочена“ и дедото кој вика „Децааааааа“. Исто така знаеме и дека филмот е еден од најсаканите на поранешните ју-простори, кој собра многубројни меѓународни награди.

Но не знаеме која е старата жена облечена во црно, која седи во автобусот во последниот ред. Таа не зборува и нема посебна сцена со неа. Всушност, и ретко кој ја забележал во полумракот.

Многумина сметаат дека таа се јавува само во една сцена, но ја има и во завршната сцена со бомбардирањето. Бабичката е тука до самиот крај на филмот. Никој од ликовите не ја гледа, никој не ѝ се обраќа, никој не ја прашува ништо – како да не е таму.

Една од теориите смета дека старицата во црно е Ѓаволот лично и дека таа е таму како предвесник на смртта, а друга теорија вели дека таа е само еден обичен лик за пополнување на кадарот.

Во книгата на Душан Ковачевиќ, сценаристот на филмот, старицата е подетално опишана. Режисерот Шијак наводно некогаш изјавил дека бабичката ја претставува смртта и трагичните воени случувања кои ќе следат.

Ковачевиќ дал подетален опис:

„Бабичката во црно ја претставува Србија која е потполно изолирана. Таа е аналогија на старите луѓе кои се оставени сами од нивните семејства во некои селски пустелии. Тие така живуркаат, помирени со судбината, незаинтересирани за случувањата во земјата и светот, со самосоздаден парадокс од сеќавања, навики и меланхолија.“

Значи, теориите се различни, но заедничко им е дека старицата претставува изолација, осаменост и конечна дестинација, или поточно – вечна темница.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура