X
 04.01.2018 Култура

Шопинг-листата нацртана од Микеланџело

1
Фото: Casa Buonarroti

Според шопинг-листата нацртана од Микеланџело, исхраната на генијот вклучувала риба, леб и многу вино. Листата е во сопственост на музејот „Каса Буонароти“ во Фиренца, Италија, а била напишана и илустрирана од уметникот на задниот дел на плик. Слугата на Микеланџело веројатно бил неписмен, па Микеланџело го цртал она што сакал да го јаде.

Тој нацртал векни леб, а за еден оброк сакал две. За друг, сакал шест. Исто така, на листата се наоѓа нацртана риба харинга, додека садовите се преполни со салата и риба сардела. Настрана се нацртани две чинии со сушен анасон, а кога барал малку суво вино, Микеланџело внимателно цртал мал вински бокал до друг поголем.

1
Фото: Casa Buonarroti

Менито главно се состои од зеленчук, риба, вино и леб. Ова можеби изгледа особено здраво, меѓутоа, на другата страна од пликот има датум - 18 март 1518 година, а тоа бил период на пост. Бидејќи не се одобрувало јадење месо, Микеланџело го јадел потребниот зеленчук.

Преживувањето на оваа листа е извонредно. Денес постојат само околу 600 скици од Микеланџело. 1518 ја одбележа годината кога Микеланџело запалил голем дел од своите цртежи, а 46 години подоцна наредил голем дел од неговите дела да бидат запалени во пресрет на неговата смрт. Можеби сакал да ја зачува аурата на божествениот гениј што ја опкружувала неговата уметност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура