Марко Тулиј Цицерон бил римски политичар, адвокат и филозоф. Потекнувал од богато семејство. Се смета за еден од најголемите оратори и прозни стилисти.
- Една нација може да ги преживее своите будали, па дури и
амбициозните. Но не може да го преживее предавството однатре.
Непријателите на портите се помалку застрашувачки бидејќи се познати и
отворено го носат знамето. Но предавникот се движи и итро шепоти низ уличките, а се и слуша во салите на самата влада. Самиот
предавник не личи на предавник; тој зборува слично како неговите жртви,
ги носи нивните лица и нивните аргументи и лежи длабоко во срцата на
сите луѓе. Тој ја уништува душата на нацијата, работи тајно и непознато
во ноќта за да ги поткопа столбовите на градот. Го инфицира телото на
политиката за повеќе да не може да постои. Од убиецот човек помалку се
плаши.
- Ако имате градина и библиотека, имате сè што ви треба.
- Соба без книги е како тело без душа.
- Онаму каде што има живот, има и надеж.
- Животот на мртвите е сместен во спомените на живите.
- Безбедноста на луѓето е највисокиот закон.
- Благодарноста не само што е најголемата доблест, туку и родител на сите други.
- Никој не може да ви даде подобар совет од самите вие.
- Тишината е една од најубавите уметности на разговорот.
- Секој маж може да каже колку овци или кози има, но не и колку пријатели.
- Лажното не е ништо освен имитација на
вистината.