Несомнено попладневната дремка дава енергија и сила.
Но не секој од нас може да легне и да одмора 30-ина минути во средината на денот, дури и кога сме исцрпени. Оние што можат да си дозволат да дремнат, користат значителни придобивки за нивното здравје, продуктивност и моќ на мозокот.
Неодамна научниците открија дека всушност постои совршено време за попладневната дремка: 15 часот.
Причината поради ова се сведува на нашиот циркадијален ритам, кој се намалува околу 15 часот. Многу луѓе се поспани после ручек, па ова време е совршено за дремка.
Доколку дремнувате, тогаш идеалното време би било 20 до 30 минути - доколку трае подолго, ризикувате да паднете во длабок сон и после дремката да се чувствувате „гроги“ уште еден час по будењето. Ова е познато како инерција на сонот.
Иако дремката може да биде особено важна ако не сте спиеле доволно во текот на ноќта, долгата дремка може да ви го отежне спиењето навечер.
Со тоа што сè повеќе од нас не спијат доволно во текот на ноќта, дремките може да имаат зголемена вредност. Истражувањата докажуваат дека дремките даваат значајни здравствени придобивки и може да им се спротивстават на ефектите од недостигот на сонот.
По
дремнувањето луѓето се покреативни, имаат подобри мемориски вештини, подобри се во учењето, прават помалку грешки, се будат свежи и подмладени.