X
 30.04.2024 Технологија

„Епл“ предупредува како не треба да ги полните „ајфоните“

Американската компанија „Епл“ ги потсети корисниците да не ги полнат своите „ајфони“ под перници и ќебиња. Технолошкиот гигант советува дека корисниците „никогаш не треба да спијат на приклучен уред, адаптер за напојување или безжичен полнач или да го ставаат под ќебе, перница или тело“. Причината за ова предупредување е штопри полнење во затворен, слабо проветрен простор, „ајфонот“ може да се прегрее и потенцијално да предизвика повреда или оштетување.

„Епл“ препорачува адаптерот за напојување на „ајфон“ и кој било безжичен полнач да се чуваат во добро проветрено место за време на употреба или полнење. Ова е особено важно за оние со физички услови, кои влијаат врз нивната способност да детектираат или чувствуваат топлина.

Покрај ризикот од полнење преку ноќ, „Епл“ ги предупредува корисниците и за продолжен контакт со кожата со кабелот за полнење и конекторот, кога кабелот е поврзан со извор на енергија. Ова може да предизвика „непријатност или повреда“, а корисниците треба да избегнуваат спиење или седење на кабелот за полнење.

Во продолжение на предупредувањето, „Епл“ наведува дека користењето стари или оштетени кабли и полнењето во влажни простории, може да предизвика пожар, струен удар или оштетување на самиот уред. Компанијата им препорачува на корисниците да користат кабел создаден за „ајфон“, кој е во согласност со меѓународните безбедносни стандарди, за да се осигура безбедноста на процесот на полнење.

Игнорирањето на овие безбедносни упатства може да доведе до сериозни последици, како што се пожар, електричен удар или дури и телесни повреди во форма на изгореници.

Неодамнешното предупредување на „Епл“ за полнење на телефоните служи како важен потсетник за корисниците, за кои е многу важно да се одвикнат од нивните „лоши“ практики, кога станува збор за полнење на нивните телефони. Во која група припаѓате и дали сте меѓу оние кои спијат додека покрај ни е телефонот поставен на полнач?

Извор: benchmark.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија