X
 30.04.2024 Живот

Полагала за возачка 961 пат: Поради нејзината решителност, денес е популарна

Трета среќа, или во случајот со јужнокојерската пензионерка Час-Са-Сун, 961-ва среќа. Оваа пензионерка ја добила возачката откако конечно го положила писмениот возачки испит на 69-годишна возраст.

Кога положила имала 69 години и станала локална славна личност бидејќи нејзината приказна инспирирала многумина кои се борат да го положат испитот. Таа не дозволила ништо да ја спречи и решително го полагала писмениот тест секој ден, пет дена во неделата, три години.

Полагањето ја чинело многу. Паѓала на секој испит, но тоа не ја спречило повторно да се појави, па на крајот, трудот се исплатил. Иако потрошила околу 4.000 евра, на крајот ја добила возачката дозвола.

Кога конечно го положила тестот, сите нејзини трпеливи инструктори славеле со неа.

- Кога конечно ја доби дозволата, сите бевме среќни. Ѝ подаривме и цвеќе. Чувствувавме како голем товар да ни се тргна од нас. Немавме храборст да ѝ кажеме да престане бидејќи постојано се појавуваше - вели Парк Су-Јеон, инструкторка во автошкола.

Нејизната приказна го привлече дури и вниманието на „Хјундаи“, па ја награди со авомобил. Таа се појавила дури и во нивната популарна реклама.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Screenshot/Youtube/ Cha Sa soon Hyundai Television Commercial
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот