X
 31.08.2018 Економија

Неуспешен тест на „Икеа“ во Норвешка

Шведскиот произведувач на мебел „Икеа“ ќе ги затвори продавниците во три норвешки града за да ги намали трошоците поради послабата добивка во изминатиот период.

Продавниците во Осло, Олесунд и во Тромсе се отворени во 2015 и 2016 година во рамките на глобална пилот-програма со која шведската компанија сакаше да ја тестира реакцијата на купувачите на алтернативни решенија во градските периферии.

Со затворањето на продавниците „Икеа“ сака да ги намали трошоците во Норвешка за 10 отсто за да ја зголеми добивката, а на работниците ќе им бидат понудени места во други продавници, стои во соопштението од шведската компанија.

Во рамките на тригодишната програма за адаптација на работниот модел најавија подобра понуда преку интернет и пократко време за испорака за да привлечат повеќе купувачи.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија