МОН го објави конкурсот – ќе замине ли виолинистот Александар Иванов на „Џулијард“?
Подготвил:
В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk
Младиот талентиран виолинист Александар Иванов ќе добие шанса за стипендија од најмногу 40.000 американски долари и можност во септември да ги почне студиите на престижната музичка школа „Џулијард“ во Њујорк. Министерството за образование и наука вчера го објави конкурсот за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство од областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и музиката за академската 2019/2020 година.
МОН го објавува конкурсот по одлуката на Владата пред неколку недели да се направи измена и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година. Одлуката следеше откако
Факултети.мк и повеќе медиуми во земјава ја објавија приказната за младиот виолинист чие барање за стипендија беше одбиено од МОН, бидејќи „Џулијард“ не е на Шангајската листа. Услов за МОН да даде стипендија е студентот да биде примен на некој од првите 100 универзитети на оваа листа.
По
одлуката на Владата МОН соопшти дека со конкурсот ќе може да се доделуваат стипендии за студии на врвни светски високообразовни установи од областа на уметноста, вклучувајќи ја и музиката.
Конкурсот можете да го прочитате
ТУКА