Мрачната страна на генијот Никола Тесла

Мрачната страна на генијот Никола Тесла

Подготвил: Маја Пероска

Во текот на минатата деценија, ликот и делото на Никола Тесла, конечно доживеа признание во популарната култура.

Тесла бил еден од највлијателните мислители на сите времиња. Осамен и сиромашен починал во 1943, а неговата работа подоцна била заборавена. Сличен феномен се случува и со математичарот Алан Туринг, чии последни години биле уште потрагични од оние на Тесла, а неговиот придонес подеднакво влијателен.


Фото: Wikipedia

За разлика од Туринг, Тесла имал неколку „дамки“ во својата научна кариера. Тогаш била популарна еугениката. Тој напишал дека во 2100 година еугениката ќе биде универзално воспоставена. „Во минатите времиња, законот на посилниот го искоренувал помалку посакуваниот плевел. Човековото ново чувство на сожалување почна да се меша во суровиот начин на функционирање на природата. Заради ова и понатамu ги одржуваме во живот неспособните“. Најпроблематичниот дел од овој цитат е употребата на зборовите „помалку посакуван плевел“ и неговиот јасен презир кон „новото чувство на сожалување“. Но, неговите идеи исто така го откриваат и проблематичното размислување за природната селекција на научно ниво. Тесла ја направил вообичаената грешка на поистоветување на „преживувањето на најсилните“ и преживувањето на поединците кои заслужуваат да ги пренесат своите гени кои некако заслужиле право на репродукција.

Неговите ставови се екстремни: „Единствен метод компатибилен на нашата претстава за цивилизација е раса е спречување на размножувањето на неспособните со стерилизација и свесно водење на инстинктот за парење“, напишал Тесла. „Неколку европски и американски земји ги стерилизираат криминалците и лудите. Ова не е доволно. Еугениците тежнеат кон тоа се отежне и стапувањето во брак. Секако на оној кој не е погоден родител, не треба да му се допушти да има потомство“.

Ова не била негова единствена „дамка“. Сметал дека кафето и чајот се отрови и дека ќе исчезнат до 2000 година, но алкохолот го опишувал како „разновиден еликсир на животот“.

Генијалните идеи на Тесла биле побројни отколку неговите негативни ставови и тој ја заслужува постхумната слава која му се укажува.