Оглас за вработување во Тинекс-МТ

Оглас за вработување во Тинекс-МТ

Тинекс МТ е водечка компанија во малопродажба која 20 години успешно ги препознава и ги задоволува потребите на современите потрошувачи нудејќи им постојано врвни и иновативни производи. Доколку сте мотивирани, енергични, подготвени за нови професионални предизвици, и се стремите за нови успеси, оваа понуда би можела да биде можност токму за Вас.

МАРКЕТИНГ АСИСТЕНТ

Основни задачи и одговорности:
-Имплементација и следење на маркетинг активностите во продажните објекти сотасно оперативните стандарди
- Организација и дистрибуција на маркетинг материјали
- Организација и координирање на настани
-Следење и анализа на пазарните трендови Потребни квалификации:
-Високо образование (предност имаат маркетинп менаџмент)
-Претходно работно искуство во маркетинг и/или комуникации ќе се смета за предност
-Одлично познаванѕе на Windows и MS Office програми
-Добро познавање на Англиски јазик
-Возачка дозвола Б категорија

Услови:
-Почетна нето плата- 20, 000ден. со можност за зголемување
-Работно време: понеделник- петок 08:00-16:00 (сабота и недела се неработни донови)

Што очекуваме:
-Лојалност и одговорност
-Флексибилност за работа во динамична атмосфера и со кратки рокови

Доколку ги поседувате овие особини и имате желба за работа во нашата компанија, испратете ја вашата професионална биографија на: email:tinex@tinex.com.mk или на адреса Трета македонска бригада бр. 56, 1000 Скопје со назнака за Маркетинг асистент, најдоцна до 26. 03. 2015 кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.