Средношколски пленум - Битола и Студентски пленум - УКЛО во хуманитарна акција

Средношколски пленум - Битола и Студентски пленум - УКЛО во хуманитарна акција

Подготвил: Драгана Петрушевска


Студентскиот пленум веќе докажа дека може да организира и одлични хуманитарни акции во Скопје. Нивните колеги од УКЛО заедно со Средношколскиот пленум во Битола организираат хуманитарна акција неделава. Акцијата се организира со цел собирање средства за ученик кој има потреба од итна операција на срцето.

Никола Гелов има 17 години. Тој е ученик во СОУ „Таки Даскало“ во Битола. Тој има срцева маана и мора да се оперира итно. Операцијата ќе биде направена во Скопје и чини 6.000 евра. Тој има самохрана мајка која не може да обезбеди доволно финансии.

Помогнете му на Никола и дојдете во среда на Широк Сокак од 11:00 до 15:00 часот да донирате колку што можете.

Настанот на „Фејсбук“.