Стипендии за тримесечната сертифицирана академија - Transmet Academy

Стипендии за тримесечната сертифицирана академија - Transmet Academy




ТРАНСМЕТ, како водечка компанија со висок степен на општествена одговорност, продолжува со праксата на поддршка на иницијативи за личен развој на најталентираните студенти од Република Македонија. За таа цел, во соработка со Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ), го распишуваат овој оглас за


СТИПЕНДИИ

на 10 најдобри студенти од сите факултети во Република Македонија за присуство на сертифицираната академија за развој на креативни, иновативни и бизнис-вештини
 TRANSMET ACADEMY

 
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

- Студентот да има комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус, на било кој факултет во Република Македонија
- Студентот да има просек повисок од 8.50


2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

- Фокопија од потврда или страница во индекс за заверен трет семестар или повеќе
- Приложен индекс
- Краткa биографија (CV)


3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

- Националната асоцијација на престижни академски граѓани е одговорна за прием на пријавите. Студентите може да се пријават електронски на napag@napag.mk или на телефонскиот број 071 259 345 со оставање на податоци за нивно име, презиме, факултет, година, просек, контакт-телефон и email.


4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

- Последниот рок за пријавување е 20.05.2015 година


5. ОПИС НА СТИПЕНДИЈАТА

- Ќе се стипендира личниот развој на 10 најуспешни студенти од сите факултети во Република Македонија кои ќе имаат привилегија да присуствуваат на Transmet Academy, првата и единствена тримесечна сертифицирана академија чија цел е да го надгради нивниот голем потенцијал преку стекнување вештини неопходни за успех во 21виот век и кои се барани од работодавачите. Повеќе детали за академијата може да се најдат на: http://napag.mk/wp/?p=1462 


6. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

- Предност при селекција ќе имаат кандидатите од Градежниот факултет во Скопје
- Процесот на селекција и финалната селекција на кандидатите ќе го направи НАПАГ врз основа на пратените апликации, при што само селектираните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју во просториите на Националната асоцијација на престижни академски граѓани. Кандидатите кои ќе бидат избрани да ја добијат оваа стипендија, ќе присуствуваат на академијата која започнува во септември 2015 година.


7. ЗА ТРАНСМЕТ

Градежната компанијата Трансмет ДОО е основана во далечната 1992 година, со повеќе од 20 годишно искуство на македонскиот пазар  и е една од водечките градежни компании во Македонија. Веднаш после почетната фаза, регистрација и организација на компанијата, следи инвестиција во сопствен возен парк, т.е. комплетна и современа механизација и каменолом. Со својата посветеност кон работата, компанијата брзо наоѓа свое место во општеството. Учествува во реализација на неколку значајни проекти со кои истовремено дава свој придонес и наметнува свои принципи во начинот на делување во областа на градежништвото во Република Македонија.
Со постојано вложување во најновата технологија, квалификуваниот кадар и отворена комуникација со купувачите и клиентите, понудата на производи и услуги е извонредна и претставува голема конкурентска предност. Како потврда за квалитетот на услугите кои ги нудиме како и посветеноста кон грижата за животната средина , ТРАНСМЕТ се здобива со меѓународните стандарди ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и OHSAS 18001:2007.

ТРАНСМЕТ постојано го развива својот опсег на услуги овозможувајќи им на своите клиенти квалитет и иновации во градбите според сите светски стандарди за што е и прогласена за македонски Супербренд.

Услуги со кои компанијата успешно се претставува на пазарите во земјата и регионот се: нискоградба; високоградба;  хидроградба;  транспортни услуги итн.
Повеќе информации можете да најдете на веб страната: www.transmet.com.mk


8. ЗА НАЦИОНАЛНТАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ (НАПАГ)

НАПАГ е првата асоцијација во Македонија кој има за цел да ги промовира и вмрежи најуспешните студенти од сите професии и универзитети и да им помогне да го искористат во целост својот потенцијал преку развојот на креативноста, иновативноста и претприемачките вештини. НАПАГ е самостојна, невладина, непрофитна и непартиска асоцијација на граѓани кои во својата земја и пошироко ги остваруваат своите лични и колективни права и слободи. Повеќе информации можете да најдете на веб страната: www.napag.mk