Современи методи и наставни стратегии во училницата за странски јазици
Семинар од одделот за Англиски јазик при Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ во соработка со ЕЛТАМ:
Современи методи и наставни стратегии во училницата за странски јазици
Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ во соработка со ЕЛТАМ – Асоцијација на наставници по англиски јазик, спроведе отворен семинар за наставниците по странски јазици на тема „Како да се постигне совршенство во училницата за странски јазици”.
Корисните информации и совети за изучувањето странски јазици за македонските наставници ги презентираше Д-р. Пасхалиа Патсала, Декан на Катедрата за англиски јазик од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Во рамките на овој настан, Д-р. Патсала, дискутираше за различни тематски области кои што се од голем интерес за наставниците по странски јазици денес: Менаџмент во училницата, Методи на учење и предавање во училницата за странски јазици, Подобрување на автономноста на учениците и Отворање пат за вработување на учениците: од домашна работа до вистинска работа.
Преку овој отворен семинар Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџот има за цел да ја сподели својата експертиза со наставниците по странски јазици од Република Македонија, што ќе придонесе за зголемување на активниот ангажман и подобрување на перформансите на учениците. Во текот на професионалниот семинар, беа претставени возможни сценарија, стратегии и иницијативи преку кои наставниците по странски јазици ќе можат да ги идентификуваат сите потенцијални точки на загриженост и да влијаат за поголема ефективност на предавањата. Дополнително, на учесниците им беа дистрибуирани материјали и алатки за практични идеи, како и сертификати за посета на семинарот.
Д-р Патсала има 15-годишно искуство во додипломски и постдипломски едукативни програми на повеќе европски и американски универзитети, вклучувајќи ги Empire State College - Државниот универзитет на Њујорк, САД, Универзитетот на Гринич, Велика Британија, Универзитетот во Велс - Институт Кардиф, Велика Британија, Универзитетскиот Институт Kurt Bösch, Швајцарија.
Катедрата за англиски јазик на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ во Солун, нуди додипломски студиски програми по Англиски јазик и лингвистика, како и постдипломски студии по Применета лингвистика со TESOL (кои се изучуваат за време на викенди).
Овој семинарот за професионален развој е првата соработка меѓу одделот за Англиски јазик при Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ и ЕЛТАМ, и според многубројноста и интересот на учесниците, несомнено отвора можности за проширување на истата.