Оглас за вработување во Нептун Македонија

Оглас за вработување во Нептун Македонија

Трговското друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737) распишува оглас за вработување на:

ПРОДАВАЧ  на производи од категориите ИТ и ТВ, аудио и видео опрема
Со место на вршење на работните задачи во Скопје

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

    ССС;
    Поседување на вештини за продажба;
    Претходно работно искуство во продажба на ИТ, ТВ, аудио и видео опрема;
    Познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Explorer;
    Поседување на возачка дозвола за Б категорија;   
    Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;

Одговорности и работни задачи:

    Услужување на купувачите и продажба на ИТ, ТВ, аудио и видео опрема;
    Работа со документи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон;
    Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба;
    Други работни задачи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон;

Што нудиме?

    Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
    Континуирана обука и можност за напредување;
    Почетна основна нето плата во износ од 14.000 денари и можност за остварување на дополнителен продажен бонус и инсентиви
    Работа во смени, понеделник - сабота (09:00h-15:00h/15:00h-21:00h)

Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место  испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака:  “Оглас за Продавач во Скопје”
Огласот е активен до 31.07.2015 година

Општи правила за аплицирање:

    Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
    Назнака на позицијата за која се аплицира
    Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.