Оглас за вработување во Агенцијата за филм на Република Македонија

Оглас за вработување во Агенцијата за филм на Република Македонија

ЈАВЕН ОГЛАС за именување на:

(1) Директор на Агенцијата за Филм на Република Македонија.

Согласно Законот за филмската дејност, кандидатите за директор на Агенцијата за филм на Република Македонија треба да ги исополнуваат следните услови:

- да биде државјанин на Република Македонија;
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на филмот или на општествените науки или правен факултејг со положен правосуден испит или економски факултет;
- има минимум пет години работно искуство во областа на филмот или правото или економијата;
- поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (В2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: Firjrt) - положен, БУЛАТС (BULATS)- најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS) - најмалку ниво Б2 (В2);
- има положено психолошки тест и тест за интегритет.

Напомена: условот од точка 1 алинеја 5 кој се однесува на познавање на странски јазик ќе започне да се применува по две години од денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Македонија" бр. 44/2014), односно од II!. 3. 2016 година. 2).


Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

- кратка биографија;- уверение за државјанство;
- доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;-
диплома за завршено високо образование најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на филмот или на општествени правен факултет со положен правосуден испит или економски факултет;
- доказ дека има минимум пет години работно искуство во областа на филмот или правото или економијата;
- доказ за положен психолошки тест и тест за интегритет.

3) Документите од точка 2 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена кај нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Македонија Бул. „Илинден" бр. 2 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување Агенцијата за филм на Република Македонија"

4) Коефициент за плата: 2, 2 согласно Одпуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на СРМ" бр. Зб/90 и „Службен весник на Република Македонија" бр. 38/91, 23/97, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/2010, 97/2010, 162/2010, 11/2012, 145/2012, 170/2013 и 139/2014).

5) Јавниот оглас ќе трае 8 (осум) дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.

6) Директорот на Агенцијата за филм го именува и разрешува Владата на Република Македонија, со мандат од две години.

7) Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.