Оглас за вработување во Правен факултет- Кичево

Оглас за вработување во Правен факултет- Кичево

Врз основа на член 63 став 1 алинеја 7, член 131 и 132 од Законот за високото образование(" Службен весник на РМ" бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 1 15/2010 и 1 7/201 1) и член 29 став 1 и 2 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно- научни, наставни, наставно- стручни и соработнички звања на Универзитетот "Св. Климент Охридски"- Битола, Наставно- научниот совет на Правен факултет- Кичево, единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски"- Битола, распишува

K O H K У P C

за избор на наставник Правниот факултет- Кичево има потреба од:

I. Наставник во сите наставно- научни звања:- од научната област: „Вонпарнично и извршно право" (50835)- 1 извршител за време од 5 (пет) години.

Критериуми за избор:
За кандидатите од глава I при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во наставно- научни звања од член 124 и 125 од Законот за високото образование Службен весник на РМ" бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010 и 17/2011). Кандидатите од глава I ќе бидат избрани во рокови кои се определени во член 133 и член 134 од Законот за високото образование Службен весник на РМ" бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010 и 17/2011).

Кандидатите покрај општите услови предвидени со Законот за работните односи, треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени со Законот за високото образование условите предвидени во општите акти на Универзитетот и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно- научни, наставни, научни, наставно- стручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Климент Охридски"- Битола.

Почетокот, завршетокот и распоредот на работното време и паричниот износ на основната плата (во бруто износ: 52.000,оо денари) за наставник се променливи и се определуваат во согласност со актите на Факултетот според распоредот на наставата во семестарот, ангажираноста и звањето во кое е избран наставникот.

Кон Пријавата за Конкурсот кандидатите задолжително треба да поднесат:Ѓ

- Кратка биографија (во три примероци);- Диплома за завршено образование, во оригинал или копија заверена кај нотар;- Листа од научни трудови објавени во публикации и по четири примероци од трудовите;- Извод од матична книга на родените;- Уверение за државјанство.

Потребните документи кандидатите треба да ги достават во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на конкурсот, лично или преку пошта на адреса: Правен факултет- Кичево, на ул. „Рудничка" бб, со назнака: „За конкурсната комисија на Правниот факултет- Кичево" Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се земат на разгледување. ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ- КИЧЕВО