Оглас за вработување во Сингулар Груп

Оглас за вработување во Сингулар Груп

Сингулар груп (Singular Group) е грузиска компанија што е основана во 2010 година. Во почетокот фирмата работи со двајца работници, односно нејзините основачи со локација во градот Тбилиси.Три години подоцна, Сингулар е најбрзо растечка и една од најголемите компании за софтверски апликативни иновации и апликации во целиот Кавказиски регион со 50 вработени и интернационални амбиции и можности.

Компанијата зад себе има повеќе од 200 успешни проекти со глобални корпорации како и со најголемите Грузиски компании. Покрај тоа што е воспоставена партнерска соработка со најголемата банка во Грузија – Bank of Georgia, како и со Владата на Република Грузија, Сингулар во своето портфолио на соработки има и компании од рангот на Samsung, Nokia, Sony Ericsson, Adobe и Vodafone.
Стратешката цел на ќерката компанија во Скопје да стане примарна база на Сингулар во текот на четвртиот квартал на 2014-та година и да има амбициозни професионалци кои со своите идеи, знаење и можности ќе ја позиционираат компанијата меѓу првите 5 резидентни фирми во групацијата.

Деловните сегменти во кои Сингулар ги нуди своите услуги и решенија се : банкарскиот сектор, апликациите на Facebook платформата, развој на игри на среќа.


Инженер за поддршка


Опис на работни задачи

Основните работни обврски ќе бидат насочени кон:

    Поддршка на системи и корисници на системи кои бараат интервенција во одреден временски рок
    Одговарање на повици, пријави на e-mail, или пријави преку апликативен систем Service Desk
    Разрешување на проблеми во областа на квалификациите во најкус можен рок
    Анализа, категоризација, евиденција и опис на решение на проблемите и инцидентите
    Активно учество во развој на инфраструктурата за хостирање на продукциски, развојни и тест околини
    Инволвирање во тим кој ќе креира нов продукт со цел да се анализираат идните потреби за инфраструктура и сервисни компоненти на кој системот ќе работи во иднина
    Помош на развојниот тим во воспоставување на околина и процедури за тестирање на квалитет, перформанси и капацитет на системите
    Изработка на техничка документација и работни инструкции врзани со системите во областа на делување
    Можност за работа на повик/дежурства или смени
    Развивање на корисничко ориентирана работна околина

Технички познавања, квалификации и искуство

Неопходно искуство и познавање:

    Одлично познавање на Linux, Appache, MySQL.
    Познавање на барем две дистрибуции на Linux, од кои една RedHat (CentOS)
    Основни познавање на Windows Server (2008, 2012) оперативен систем и мрежни сервиси во Windows околина
    Познавање на инфраструктурни компоненти и практики во DataCenter околини (Cabling, RACK elements configuration, Cooling, Power Supply..)
    Познавање на мрежни стандарди, и искуство во поврзување и конфигурирање на LAN, WLAN, Broadband WAN и др.
    Познавање на работа и конфигурација на мрежни сервиси (IPv4, IPv6, TCP, UDP, DHCP, DNS, NTP, SNMP, Firewall, VPN, RADIUS…)
    Искуство во изработка на shell скрипти  (bash, awk, python…)
    Познавање и искуство во работа на барем две виртуелизациски платформи оди кои Vmware и дополнително (Xen,  OVM, Hyper-V, KVM..)
    Основни познавања на практики и методи на безбедност на компјутерски системи

Пожелни познавања кои се сметаат за предност:

    Напредно познавање на мрежи (Cisco, Juniper..)
    Познавање на технологии врз кои се темелат IaaS (Private Cloud) решенија (OpenStack, Cloud Stack, vCloud, Hyper-V Cloud….)
    Познавања и квалификации од областа на ITSMF (ITIL, COBIT, ISO 20000)
    Квалификации и познавања на методологии во областа на Project Management
    Искуство и познавање на технологиите на некој од големите Public Cloud системи(Azure, AWS, RackSpace…)
    Познавање на системи за автоматско апровизионирање и управување на IaaS (Chef, Puppet, Opalis..)
    Познавање на системи за надгледување на IT инфраструктура и сервиси  (Nagios, Zabbix, Zenosss, Solarwinds …)
    Познавање на некои од системите кои помагаат во развој на софтверски продукти (GIT GitHUB, Vagrant, Jenkins..)
    Познавање на некој од системите за евиденција на проблеми Ticketing Stystems (SpiceWorks, JIRA, OTRS..)

Останати квалификации и особини

    Одлично познавање на конверзациски и пишан Англиски Јазик (познавање на друг светски јазик дополнително се смета за предност)
    Способност за работа под притисок и со цврсто дефинирани рокови
    Одлични комуникациски вештини и способност за справување со комуникација во критични околности
    Тимско организирање и споделување на задачи и искуства со членовите во својот тим
    Проактивност во подобрување на системите и работните активности
    Афинитети за учење и имплементирање на нови технологии и решенија во и вон областа на експертизата
    Min. 3 години релевантно работно искуство

Повеќе информации на следниов линк СИНГУЛАР