Зегин вработува! Отворени се 10 работни позиции

Зегин вработува! Отворени се 10 работни позиции

Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работни односи-Пречистен текст (Сл.весник на РМ бр.25/2013) Работодавецот Приватна здравствена установа АПТЕКА ЗЕГИН ФАРМ Скопје ул.Битпазарска бр.бб Скопје Центар, распишува: 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 

Приватна здравствена установа АПТЕКА ЗЕГИН ФАРМ Скопје, ул. Бел Камен бр.6 Скопје, има потреба од:

ДИПЛОМИРАНИ ФАРМАЦЕВТИ И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАРИ 
(5 ИЗВРШИТЕЛИ - ФАРМАЦЕВТИ И 5 ИЗВРШИТЕЛИ - ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАРИ) 

Со следните квалификации:
Завршен (ВСС) Фармацевтски факултет,
Поседување на лиценца за работа,
Задолжително претходно работно искуство.

Вработувањето се однесува на неопределено време, со можност за поставување на позиција „Шеф на аптека“.

На огласот може да се јават и Дипломирани фармацевти и фармацевтски техничари без работно искуство, како и дипломирани фармацевти без лиценца за работа, и фармацевтски техничари без стручен испит.

Вашето CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци доставете ја по пошта на адреса Приватна здравствена установа АПТЕКА ЗЕГИН ФАРМ Скопје ул. Бел Камен бр.6 Скопје или на e-mail: info@zegin.com.mk.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Општи правила за аплицирање:
Именување на документ за аплицирање-CV (име и презиме на апликантот).
Назнака на позиција за која се аплицира.