Оглас за вработување во Џонсон Мети

Оглас за вработување во Џонсон Мети

ОПЕРАТОР ЗА ХЕМИСКИ ПРЕМАЗИ
(Chemical Coating Operator)
Реф.бр. 2015049

Џонсон Мети има потреба од Оператор за хемиски премази (Chemical Coating Operator) кој ќе му се придружи на нашиот тим во Одделот за хемиски премази во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Кандидатот ќе работи како дел од тим кој произведува хемиски премази преку следење на спецификации и со куси рокови. Целта на работното место е преку работење според план од 3 смени, да придонесува кон активностите и перформансите на тимот за производство на хемиски премази, заради исполнување на барањата во врска со плановите на произвотствените линии.

Имаме потреба од само-мотивирачки индивидуалци со одлични комуникациски способности и способности за воспоставување на ефективни работни односи. Успешните апликанити би требало да поседуваат ефикасна лична организација со цел осигурување на точно и високо квалитетно производство на хемиски премази. Исто така, кандидатот треба да има силна волја за учење и примена на новите способности, додека одржува високо ниво на прецизност и квалитет во работењето.

Кандидатот е пожелно да поседува:

    Работно искуство во производство или средина со хемиски процеси
    Способност да се реагира брзо на промените во врска со потребите на бизнисот во различни производствени области
    Компетенции во користење на MS Office апликации (Word, Excel)
    Познавањето на говорен и пишан англиски јазик ќе се смета за предност


Работно време: работа во смени (I смена 06.00-14.00ч, II смена 14.00-22.00ч, III смена 22.00-06.00ч)

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com

Ве молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ. Во предметот на пораката задолжително ставете го референтниот број на огласот, во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година
Само селектираните кандидати ке бидат повикани на интервју.

Краен рок за доставување:  17/07/2015 година.    

Johnson Matthey Emission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии на Автокатализатори, кој работи според ISO/TS16949 и ISO 14001 стандардите за квалитет во автомобилската индустрија, поврзани со најдобрата практика за животната средина.

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување

Краен рок за доставување:  17/07/2015 година.