Јавен оглас за прием на 600 извршители на работно место „Полицаец“
Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник“ бр. 42/2014, 116/2014 и 33/2015) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на РМ” бр.114/2006, 6/2009, 145/2012, 41/2014 и 33/2015), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец („Службен весник на РМ“ бр.8/2015)
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
РАСПИШУВА
ЈАВЕН ОГЛАС
За прием на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:
1.Полицаец за подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје........... 435 извршители;
2.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Битола ...................20 извршители;
3.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Ресен .........................5 извршители;
4.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Охрид......................20 извршители;
5.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Струга .....................15 извршители;
6.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Дебар ......................15 извршители;
7.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Тетово .......................5 извршители;
8.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Гостивар...................5 извршители;
9.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Велес .......................20 извршители;
10.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Куманово.............20 извршители;
11.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Штип .........................5 извршители;
12.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Струмица..............10 извршители;
13.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Гевгелија...............25 извршители;
-Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од (1) една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.
-По завршување на основната обука кандидатите за полицаец ќе склучат договори за вработување во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;
-активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
-со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;
-да има завршено најмалку четиригодишно средно образование и
-да е здравствено и психофизички способен и
-со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
-потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена) и
-висока лична физичка подготвеност.
3. Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
-извод од матична книга на родените,
-диплома за завршено четиригодишно средно образование;
-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност и
-две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.
Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:
-Сектор за внатрешни работи Скопје:
-Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,
-Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и
-Полициска станица од општа надлежност-Карпош.
-Сектор за внатрешни работи Битола;
-Сектор за внатрешни работи Велес;
-Сектор за внатрешни работи Куманово;
-Сектор за внатрешни работи Тетово;
-Сектор за внатрешни работи Охрид;
-Сектор за внатрешни работи Струмица,
-Сектор за внатрешни работи Штип.
При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на работно место за кое се пријавува согласно точка 1 од огласот.
Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.
Потребната документација од точка 1, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,30-16,30 часот).
4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на оштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.
5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот и истата се спроведува во следните фази:
-Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполнетост на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);
-Проверка на моторички способности (за мажи 60 стомачни, 55 склекови, трчање на 3200м за 13,30 минути и 10 згибови на вратило и за жени 60 стомачни, 27 склекови и 3200м за 16,30 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),
-Психолошки тест (проверка на интелектуалните и емоционалните способности)
-Писмено тестирање (општообразовен тест и изработка на есеј),
-Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице),
-Безбедносна проверка и
-Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).
6. Министерството за внатрешни работи ќе врши безбедносна проверка на пријавените лица врз основа на нивна претходна дадена на писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.
7. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.
8. При спроведување на селекцијата на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.
9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас.
10. По завршување на основната обука (во времетраење од една година), Министерството за внатрешни работи со кандидатот за полицаец кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување.
11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
12. Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.
Јавен оглас за прием на 52 извршители со високо образование
Врз основа на член 71 и 72 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.42/2014, 116/2014 и 33/2015), член 97 став 1 од Законот за Полиција („Службен весник на РМ„ бр.114/2006, 6/2009, 145/2012, 41/2014 и 33/2015), а во врска со Правилникот за начинот на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.13/2015)
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
РАСПИШУВА
ЈАВЕН ОГЛАС
За прием на 52 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи со високо образование со VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 240 кредити според ЕКТС (од областа), и тоа:
ПОДРАЧЈЕ НА ГРАД СКОПЈЕ
I. КАБИНЕТ НА МИНИСТЕРОТ-6 извршители со завршено високо образование, од кои:
- 3 извршители - дипломирани правници со стекнати 300 ЕКТС на Правен факултет, од кои:
- 1 извршител-дипломиран правник со стекнати 300 ЕКТС на Правен факултет-насока финансии и финансово право
- 1 извршител-дипломиран правник со стекнати 300 ЕКТС на Правен факултет-насока меѓународно право и меѓународни односи
- 1 извршител-дипломиран правник со стекнати 300 ЕКТС на Правен факултет
- 3 извршители - дипломирани економисти со стекнати 300 ЕКТС на Економски факултет, од кои:
- 1 извршител-дипломиран економист со стекнати 300 ЕКТС на Економски факултет - насока менаџмент
- 2 извршители-дипломирани економисти со стекнати 300 ЕКТС на Економски факултет - насока финансиски менаџмент
II. СЕКТОР ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
- 3 извршители со завршен Филолошки факултет-Катедра за англиски јазик и книжевност, насока-преведувачка
III. ОДДЕЛ ЗА ИНФОРМАТИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ - 8 извршители, од кои:
- 4 извршители со завршено високо образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција
- 4 извршители со завршено високо образование, Електротехнички факултет од областа на телекомуникации и електроника
IV. СЕКТОР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ И ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
- 2 извршители со завршен Правен факултет – студии по новинарство или студии по односи со јавност
ПОДРАЧНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ЕДИНИЦИ
V. СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ – СКОПЈЕ - 4 извршители, од кои:
- 2 извршители со завршено високо образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ, 2 извршители, и тоа:
-1 извршител со завршен Правен факултет-дипломиран правник
-1 извршител со завршен Економски факултет-дипломиран економист
VI. СЕКТОРИ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ-ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ-
14 извршители, од кои:
- 7 извршители со завршено високо образование - Правен факултет, во:
Сектор за внатрешни работи Битола-1 извршител
Сектор за внатрешни работи Штип-1 извршител
Сектор за внатрешни работи Велес-1 извршител
Сектор за внатрешни работи Куманово-1 извршител
Сектор за внатрешни работи Тетово-1 извршител
Сектор за внатрешни работи Охрид-1 извршител
Сектор за внатрешни работи Струмица-1 извршител
- 7 извршители со завршено високо образование - Економски факултет, во:
Сектор за внатрешни работи Битола-1 извршител
Сектор за внатрешни работи Штип-1 извршител
Сектор за внатрешни работи Велес-1 извршител
Сектор за внатрешни работи Куманово-1 извршител
Сектор за внатрешни работи Тетово-1 извршител
Сектор за внатрешни работи Охрид-1 извршител
Сектор за внатрешни работи Струмица-1 извршител
1.Кандидатите кои ќе поднесат пријави за позициите од точка I до VI треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на Р. Македонија,
-да е полнолетен
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е здравствено и психофизички способен
-со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на лицето
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
-познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност)
-за кандидатите кои ќе аплицираат за работните места во точка II, поседувањето на сертификат (печат) за овластен судски преведувач ќе се смета за предност
- познавање на работа со компјутери
3. Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на пропишаните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
-диплома и уверение за завршено високо образование,
-извод од матична книга на родените,
-сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки и
-кратка биографија (CV)
Кандидатите кои ќе се пријават за позициите под точка oд I до V ќе засноваат работен однос на работни места на подрачјето на град Скопје, а кандидатите кои ќе се пријават за позициите под точка VI во подрачните организациски единици на Министерството за внатрешни работи-Сектори за внатрешни работи (Битола, Штип, Велес, Куманово, Тетово, Охрид и Струмица).
ПОДРАЧЈЕ НА ГРАД СКОПЈЕ
VII. БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ
- 4 извршители со завршен Факултет за безбедност - дипломирани криминалисти
VIII. ЦЕНТРАЛНИ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБИ-СЕКТОР ЗА КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ И ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА
- 4 извршителисо завршено високо образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција
IX. ОДДЕЛ ЗА КРИМИНАЛИСТИЧКА ТЕХНИКА -7 извршители, од кои:
- 2 извршители со завршен Природно математички факултет-Институт по хемија-дипломиран инженер по хемија
- 2 извршители со завршен Природно математички факултет-Институт по физика-дипломиран инженер по физика
- 3 извршители со завршен Машински факултет-дипломиран машински инженер - отсек моторни возила
1. Кандидатите кои ќе поднесат пријави за позициите од точка VII до IX треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на РМ,
-да е полнолетен, а да не наполнил 30 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено високо образование
-активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо
-со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на лицето
-да е здравствено и психофизички способен
-со правосилна пресуда да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
-познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност)
-познавање на работа со компјутери
3. Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на пропишаните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
-диплома и уверение за завршено високо образование,
-извод од матична книга на родените,
-сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки и
-кратка биографија (CV)
-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност
Кандидатите кои ќе се пријават за позициите под точка од VII до IX ќе засноваат работен однос на работни места на подрачјето на град Скопје.
Во пријавата кандидатот е должен да ги наведе следните податоци:
-име и презиме, единствен матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, припадност на заедницата
-последен степен на образование и стекнати дипломи, претходни степени на образование и стекнати дипломи (за кандидатите за магистратура и/или докторат), датуми на стекнување на дипломите, образовни институции кои ги издале,
-претходно работно искуство, детален опис доколку има работно искуство, името на работодавачот, позиција, опис на работно место, должина на работен стаж, адреса на работодавачот и причини за напуштање на работното место
-познавање на странски јазици
-познавање на работа со компјутерски програми
-причини за аплицирање на конкретното работно место и очекувања од работата и целите во кариерата
Во пријавата кандидатот задолжително да ја наведе позицијата (точката) на работното место за кое аплицира како и број за контакт.
Кон пријавата кандидатот може да ги наведе причините за аплицирање, очекувањата од работата или целите во кариерата како и да приложи и други документи од негов интерес .
Доколку кандидатот има претходно работно искуство или работен стаж кон пријавата може да приложи и:
- извод од историјатот на вработувањата, издаден од Агенцијата за вработување
-препораки од претходните работни места кои содржат податоци од лицето кое го препорачува
-потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации, трудови и публикации
-меѓународно признати сертификати за познавање на еден од шесте официјални јазици на Организацијата на Обединетите нации
-потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, а потпишана од раководно лице на институцијата во која е реализиран волонтерскиот стаж или фотокопија од волонтерска книшка
-и други документи од интерес
4. Кандидатите за вработување потребно е помеѓу останатото да поседуваат одредени вештини и способности за работа во Министерството, меѓу кои:
-одлични меѓучовечки вештини
-учење и развој
-комуникација
-ориентираност кон странките
-способност за тимска работа
-организациски вештини
-способност за работа под притисок и почитување на крајно утврдените рокови
-професионално однесување и позитивен однос кон работата
5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за селекција формирана од страна на министерот согласно одредбите од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.42/2014, 116/2014 и 33/2015) и Правилникот за начинот на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.13/2015) и истата се спроведува во следните фази:
- административна селекција
- писмено тестирање (стручен тест)
- психолошко тестирање
- интервју
- безбедносна проверка и
- здравствени прегледи
6. Селекцијата на кандидатите ќе се спроведува по пат на тестирање за нивната стручна оспособеност за делот во кој аплицирале.
7. Министерството за внатрешни работи ќе врши безбедносна проверка на пријавените кандидати, врз основа на претходно дадена писмена согласност од страна на кандидатот. Доколку истиот ја одбие безбедносната проверка ќе се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.
8. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.
9. Документот за докажување на државјанството на кандидатот го обезбедува Министерството за внатрешни работи по службена должност.
10. По спроведената селекција, избраните кандидати склучуваат договор за вработување во Министерството за внатрешни работи. По истекот на периодот за стручно оспособување кандидатите ќе бидат распоредени на соодветни работни места во Министерството за внатрешни работи.
11. Кандидатите кои ќе достават пријави со потребна документација за работните места на подрачјето на град Скопје се должни да ги достават лично до архивата на Министерството за внатрешни работи на ул.„Димче Мирчев“ бр.9, Скопје или по пошта со назнака до Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси, секој работен ден во текот на работното време, односно од 08,30 до 16,30 часот.
12. Кандидатите кои ќе достават пријави со потребна документација за работните места во подрачните организациски единици на Министерството, се должни да ги достават лично до архивата во Секторите за внатрешни работи (Битола, Штип, Велес, Куманово, Тетово, Охрид и Струмица).
13. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена од денот на објавување во дневните печатени медиуми, не сметајќи го денот на објавување.
14. Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Министерството за внатрешни работи www.moi.gov.mk, од каде можат да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТ