Оглас за вработување во Трансмет

Оглас за вработување во Трансмет

ТРАНСМЕТ ДОО - СКОПЈЕ, реномирана градежна компанија со повеќе од 20 год. искуство во градежниот сектор, поради зголемен обем на работа, распишува оглас за вработување на: ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ.

Потребни квалификации:
- Универзитетско образование - ВСС - Градежен факултет;
- Овластувања A;
- Мин. 5 години искуство во изградба на инфраструктурни проекти;
- Претходно работно искуство на проекти од нискоградба ќе се смета за предност.

Одговорности:
- Изградба на објекти од нискоградба;
- Познавање на оперативни практики на градежништвото;
- Вештина во организирање на ресурси и воспоставување на приоритети;
- Способност за саностојно раководење со проекти;
- Способност за форнирање и водење на тим;
- Останати оперативни и административни обврски врзани за тековно работење.

Лични карактеристики:
- Одлични организациски и аналитички способности;
- Силни интерперсонални и комуникациски вештини;
- Способност ефективно да работи со сите нивоа на менаџментот;
- Самоиницијативност и мотивираност;
- Посветеност, лојалност и одговорност;
- Подготвеност за работа во дадени рокови.

Огласот важи за кандидати од цела Македонија. На сите кои ќе се приклучат на нашиот тим им нудиме солидна плата и одлични услови за работа.  

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да го достават своето CV со фотографија на нашата email адреса: vrabotuvanje@transmet.com.mk со назнака: "Оглас за вработување - Градежен инженер".

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!