Грешките кои продолжуваме да ги правиме со образованието

Грешките кои продолжуваме да ги правиме со образованието

Подготвил: Драгана Петрушевска

Кои грешки ги правиме постојано во образованието, а нè ограничуваат и нè спречуваат да го постигнеме најдоброто? „Teach thought“ наведува некои такви за кои би можеле да заклучиме дека се универзални.


1. Забораваме дека учењето треба да биде забавно.

2. Осудуваме неуспех.

3. Мислиме на децата како мали возрасни.

4. Бараме почитување на државни правила наместо социјална промена и креативност.

5. Ги оттргнуваме учениците кога планираме за нивното учење (нивно е, не наше).

6. Претпоставуваме дека сите деца треба да ги знаат истите работи.

7. Не успеваме да ги вклучиме учениците во секој слој од образовниот систем и учењето.

8. Градиме големи училишта и очекуваме индивидуалност.

9. Ги собираме тие големи училишта во големи населби и очекуваме иновативност.

10. Ставаме приоритет на универзалноста а очекуваме креативност.

11. Предаваме содржини наместо размислување.

12. „Најдобрите наставници“ ги ставаме во „најлошите училишта“.

13. Разбирањето го сведуваме на букви и бројки.

14. Разговараме за идеи наместо за ефектите од тие идеи.

15. Повеќе ги вреднуваме одговорите отколку прашањата.

16. Не го заштитуваме, оптимизираме, поддржуваме и зголемуваме времето за планирање на часот на наставникот.

17. Го игнорираме мобилното учење.

18. Гледаме наназад наместо нанапред.

19. Веруваме дека секој ученик може да биде експерт во едни исти теми.

20. Веруваме дека љубопитноста на ученикот е само карактеристика.

21. Ја обвинуваме технологијата онаму кадешто педагогијата не е добра.

22. Ја обвинуваме педагогијата онаму кадешто технологијата не е добра.

23. Училниците ги градиме да личат на полни соби и затвори наместо место за релаксирано учење.

24. Повеќе ја вреднуваме послушноста на наставникот наместо неговите способности.

25. Им дозволуваме на наставниците да зборуваат повеќе од учениците.

26. Ги обезвреднуваме врските помеѓу наставникот и учениците.

27. На училиштата мислиме како на институции за подготовка за студии.