Натпревар за најдобра фотографиja "Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА!"
Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации на први декември 2015 година официјално ја започнаа Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“. Кампањата има за цел да им го донесе поблиску правото на младите луѓе да прашуваат и да добиваат информации од носителите на одлуки.
ИНФО СЕГА ги повикува младите луѓе да се вклучат на Натпреварот за најдобра фотографиja со цел да се промовира каузата на Националната кампања „Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА! “, каде учесниците ќе имаат шанса да победат и да освојат 15 000 денари.
На натпреварот можат да учествуваат ученици, студенти и државјани на Република Македонија на возраст од 14 до 29 години. Ова е одлична можност за оние кои поседуваат талент и се умешни во користењето на фото камери креативно да се изразат.
Фотографиите треба да ја претставуваат темата „Младинско информирање“ и истите може да бидат направени за време или помеѓу активностите на кампањата.
На 10 март 2016 сите испратени фотографии ќе бидат споделени на фејсбук на фан страната на ИНФО СЕГА .
Од 10 до 20 март 2016 ќе трае фејсбук натпревар врз база на собирање лајкови. Првите 10 фотографии со најмногу лајкови од фејсбук натпреварот ќе бидат разгледани од комисија составена од АМС и ИНФО СЕГА, која ќе одбери најдобра фотографија. На победникот од натпреварот за најдобра фотографија, Агенцијата за млади и спорт ќе додели парична награда во висина од 15 000 денари.
Вашата фотографија испратете ја во „jpg” или „png“ формат на следнава е-маил адреса: infosega@infosega.org.mk со назнака: За Натпревар за најдобра фотографиja на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!".
Со испратената фотографија треба да ги испратите следните податоци:
· - име и презиме на учесникот,
· - телефонски број,
· - датум кога е снимена фотографијата,
· - местото каде е фотографирана и
· - објаснување на мотивот за фотографијата.
Конкурсот за избор на лого е отворен од 08 февруари – 14 март 2016 година.
За подетални информации контактирајте на infosega@infosega.org.mk.