Витези-темплари од цел свет пристигнаа во Охрид

Витези-темплари од цел свет пристигнаа во Охрид

Подготвил: В.Ф.

Бидејќи сите информации за витезите темплари се прилично затворени, www.fakulteti.mk дојде до едно писмо, веројатно на витез-темплар од Русија, кој ја постирал поканата и програмата за сите случувања во Охрид. Почитувајќи ги принципите на витешкиот ред, нема да го објавиме неговото име, но ќе пренесеме дел од поканата за учество на Големиот собор во Охрид



Витези-темплари од цел свет денеска се сместија во Охрид, каде зад затворени врати ќе донесуваат одлуки кои веројатно ќе се однесуваат на многу луѓе, но за сите нив ќе останат тајна. Домаќин на витезите е „Големиот Приорат на Македонија на витезите темплари на Ерусалим (О.С.М.Т.Х.)“. Гостите ќе учествуваат на Големиот годишен интернационален собор на витези темплари кој за прв пат во историјата на темпларството се одржува во Македонија и воопшто на Балканот.

- Повеќе од 150 витези темплари од целиот свет ќе присуствуваат на главната церемонија која ќе биде отворена за медиумите под одредени услови и правила на Темпларскиот ред, а ќе се одржи утре, на 3 септември во дијамантската сала на хотелот „Инекс-Горица“ во Охрид. Таен ќе биде и состанокот на Големите Приори (првите луѓе на темпларските редови), кои неколку часа ќе заседаваат зад затворени врати. На останатиот дел од собирот е предвидена церемонија за именување на десетина витези од Македонија и од странство - велат од О.С.М.Т.Х.

Во Охрид се пристигнати гости од Франција, Германија, Велс, Русија, Романија, Бугарија, Шведска, Србија, Холандија, Белгија, Швајцарија и други земји од Европа, САД и од Јужна Америка. Меѓу учесниците на конвенцијата има благородници, политичари и бизнисмени, но имињата се чуваат во тајност.

Гостите ќе имаат можност да се прошетаат низ стариот дел на Охрид, да ги посетат црквите, да се запознаат со традиционалната македонска кујна и гостопримство. Бидејќи сите информации за витезите темплари се прилично затворени, www.fakulteti.mk дојде до едно писмо, веројатно на витез-темплар од Русија, кој ја постирал поканата и програмата за сите случувања во Охрид. Почитувајќи ги принципите на витешкиот ред, нема да го објавиме неговото име, но ќе пренесеме дел од поканата за учество на Големиот собор во Охрид:

„Драги браќа и сестри витези-темплари. Големиот Приор од Македонија ве поканува на Големиот годишен Интернационалниот собор кој ќе се одржи од 2 до 4 септември во Охрид, Македонија. Среќни сме што имаме можност да бидеме домаќини на Интернационалниот собор годинава, со оглед на тоа што првиот Витешки ред во Македонија е формиран пред десет години. Охрид е град на источниот брег на Охридското Езеро во Република Македонија. Има богата историја повеќе од 2.500 години. Има 365 цркви, по една за секој ден во годината. Во 1980 година Охридското Езеро стана дел од светската листа на културно наследство при УНЕСКО. Освен тоа што е свето место во регионот, исто така е извор на пан-славистичката книжевност. Реставрираниот манастир на Плаошник всушност е еден од најстарите универзитети во западниот свет, а датира од 10 век. Во близина е охридскиот аеродром, познат како „Апостол Павле“ кој е отворен и работи преку целата година. Во Македонија има два аеродрома. Еден во Скопје, познат како „Александар Велики“, а другиот е во Охрид. За оние кои ќе приостигнат директно во Скопје ќе биде организиран превоз со автобус до хотелот во Охрид. Оддалеченоста меѓу Скопје и Охрид е околу 170 километри. Резервирани се соби во хотелот „Инекс-Горица“. Хотелите се на перифертијата на Охрид, на брегот на езерото, а оддалечени се околу 3 километри од центарот на градот. Цената на вкупниот аранжман е 295 евра“.

Минатата година домаќин на Годишниот интернационален собор бил Големиот Приорат на Шведска, кој за седиште на церемонијата го избра градот Стокхолм. Следната година Соборот ќе се одржи во Женева, Швајцарија.

ИНТЕРВЈУ, СНЕЖАНА ЗЕЧЕВИЌ, ГОЛЕМ ПРИОР НА МАКЕДОНИЈА: ЧЕСНОСТ, ДОБЛЕСТ, СКРОМНОСТ И ПО 900 ГОДИНИ СЕ ГЛАВНИ ОДЛИКИ НА МОДРЕНИТЕ ВИТЕЗИ ТЕМПЛАРИ