Кога еднаш ќе згрешите ...

Кога еднаш ќе згрешите ...

Подготвил: Светлана Петковска

Професорот почнал да пишува на табла и по пишување на првата равенка, која беше погрешна, една девојка во класот почнала да се смее. Но не го очекувала она што следело подоцна.

Професорот го напишал следново:


професор


9 x 1 = 7
9 x 2 = 18
9 x 3 = 27
9 x 4 = 36
9 x 5 = 45
9 x 6 = 54
9 x 7 = 63
9 x 8 = 72
9 x 9 = 81
9 х 10 = 90

Кога завршил тој погледнал кон студентите и сите се смееле на неговиот прв погрешен резултат.

Тогаш професорот рекол:

Намерно направив грешка за првиот резултат, затоа што сакам да научите нешто многу важно. Од овој пример можете да разберете како светот ќе ве третира. Видовте дека девет пати напишав точен резултат, но никој поради тоа не ми честиташе. 

Вие сите се смеевте на мене и ме критикувавте поради една грешка. Значи ова е лекција ... Светот нема да го цени доброто што сте го направиле милион пати, но ќе ве критикува за една единствена грешка што ќе ја направите. Но сепак, не се обесхрабрувајте ...

Секогаш издигнете се над потсмевот и критиките и останете силни!
Save