Оглас за волонтери - новинари во новинска агенција Макфакс

Оглас за волонтери - новинари во новинска агенција Макфакс

Независната Новинска Агенција Макфакс, постои на пазарот од 1992 година и е првата независна новинска агенција во Република Македонија и регионот, која со своите услуги и сервиси, успешно ги води своите клиенти во областа на медиумската информираност.

Новинска Агенција Макфакс има потреба од 5 новинари – волонтери.

Избраните кандидати ќе бидат ангажирани по пет часа дневно за бруто хонорар од 6.000 денари. Предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршен Факултет за новинарство.

Заинтересираните кандидати да испратат CV на marketing@makfax.com.mk

Искористете ја шансата да ги научите вештините на новинарството од најдобриот тим на Макфакс.