Соло-перформанс на џез-клавиристот Симон Киселички

Соло-перформанс на џез-клавиристот Симон Киселички

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска



На 5 ноември, со почеток во 20 часот, џез-клавиристот Симон Киселички ќе одржи соло-перформанс наречен „Flow now“. Проектот е замислен како непланирана инспирација од просторот и моментот, „тука и сега“, така што публиката ќе има можност да сведочи на уникатна изведба.

Воедно ќе се снима аудиовидео запис во концертен амбиент со акустиката што ја нуди просторот.

-Идејата е музиката што ќе биде отсвирена во тој час и половина да нема конкретен децидно јасен концепт. Сѐ што ќе се случува ќе биде отсвирено без партитури, (дури ни тие што се памтат на памет),.. едноставно клавирот „ тука и сега“, ослободено од сѐ што минало и што ќе дојде. Музика инспирирана од моментот. Инспирација и експресија од самите тонови што течат „сега“ и импресија од просторот, звукот и амбиентот „тука“. Поради тоа и името „Flow now“ – вели Киселички.

За да се постигне „неподготвеноста“, треба да се свири последните денови пред настап и помалку да се вежба, вели музичарот.

-Тоа е главен фактор за да бидеш подготвен. Тоа не е толку музичко прашање ниту гледиште, туку станува збор за работа на себе заедно со музиката, заедно колку што можете да се издржите еден со друг и дружите – вели Киселички.