Конкурс за најдобар млад преведувач "Вавилон" 2017
Делегацијата на Европската Унија објави Конкурс за најдобар млад преведувач „Вавилон 2017“ .
Конкурсот е организиран во соработка со Здружението на преведувачи ЗПРМ.
Целта на Конкурсот за најдобар млад преведувач е да ги поттикне и да ги поддржи младите преведувачи, како и да поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава.
Конкурсот е отворен за млади преведувачи, не постари од 26 години, а пријавените текстови мора да бидат преводи на (извадоци од) литературни дела: роман, новела, расказ, или документарна проза, од кој било од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било јазик што се зборува во земјава.
Ќе бидат доделени награди за секој од јазиците на кои ќе пристигнат пријави. Наградите ќе се состојат од: 500 евра парична награда, годишно членство во Здружението на преведувачи ЗПРМ и објавување на преводот, во целост или делумно, во списанието Културен живот.
Информативната сесија и практичната работилница за потенцијалните учесници и млади преведувачи ќе се одржат на 8 ноември 2016 во 16:00 часот во ЕУ инфо центарот (Св. Кирил и Методиј 52-б, 1000 Скопје). Краен рок за доставување на текстови за конкурсот е 3 април 2017 година.
Повеќе информации и за начинот на пријавување ќе најдете на следниов
линк