Зошто момчињата имаат потешкотии во читањето?

Зошто момчињата имаат потешкотии во читањето?

Подготвил: Светлана Петковска

Студијата, објавена на 30 ноември во списанието „Journal of Medicine and Sport“ покажа дека колку повеќе време децата во прво одделение поминуваат во седење и помалку време во физички активности, толку помалку тие напредуваат во читањето во следните две училишни години. Во прво одделение, седечките активности и немањето можност за трчање и други физички активности имаат негативно влијание кај децата и за нивната способност по математика.

Кај девојчињата, седењето долго време без движње нема големо влијание врз нивната способност да учат.


момчиња


Истражувачите од Универзитетот на Источна Финска ги анализирале студиите кои ја мереле физичката активност и времето на седечката активност на 153 деца на возраст од шест до осум. Студиите користеле комбинирани сензори за следење на работата на срцето и за движењето, а истражувачите им дадоа на децата и стандардизирани тестови по математика и читање.

„Откривме дека пониските нивоа на умерена енергична физичка активност, а повисоките нивоа на поминато време во седење е поврзано со послаби вештини за читање кај момчињата", се вели во студијата.

Врската помеѓу вежбањето и учењето не е нова, но финската студија обезбедува посилни објективни докази дека зголемениот акцент на седечката академска активност кај најмладите ученици може да биде залудна ако доаѓа по цена на физичката активност. Момчињата чии денови биле со учество во повеќе седечки активности кога тие биле во прво одделение (клучна година за учење да читаат) имале тешкотии во читањето во второ и трето одделение. Тие, исто така имале лоши резултати по математика таа година.

Авторите не се сигурни зошто разликата меѓу момчињата и девојчињата е толку силна. Но, не многу девојчиња учествувале во студијата така што може тоа да има влијание врз резултатите. Секако тоа може да има врска со разликата помеѓу машкиот и женскиот мозок; за девојките академските достигнувања може да бидат повеќе под влијание на фактори како што се родителската поддршка во образованието, прифаќање од страна на соучениците, позитивниот став на наставниците и нивната мотивација.
SaveSaveSave