Оглас за вработување во Старт-ап за транскрипции, лекторирање и преводи
Новa Старт-ап, компанија во Штип започнува со работа во текот на месец Април. Работата на компанијата е главно фокусирана на транскрипции, преводи, пруфридинг и слични услуги за реномирани клиенти. Интересна работа и можност за стекнување на работно искуство за кое што потребите на пазарот постојано растат. Потребни се двајца кандидати/работници.
Потребни Квалификации:
- Одличен Англиски.
- Typing speed од минимум 60 - 70 збора испишани во минута (WPM), предност имаат кандидати што се многу подобри од тој минимум.
- Одличен слух.
- Интегритет и професионалност.
- Точност и навременост.
- Не е потребно претходно работно искутство.
- Задолжителен квалификационен и период за стекнување на соодветни практични и работни вештини во период од 2 месеци.
- Во текот на задолжителниот квалификационен период кандидатот го следува соодветен паричен надомест на месечно ниво додека трае истиот тој период.
- Кандидатите кои ќе покажат интерес, интегритет и посветеност кон работата ќе имаат можност за постојано вработување, напредок во кариера, стекнување на скапоцено искуство знаење и работни навики, постојано покачување на плата и бонуси.
- Заинтересираните кандидати може да испратат CV и мотивационо писмо на следниот е-маил digitallycolossal@gmail.com
Оваа млада компанија е активна на пазарот и се занимава со пласирање и остварување на работни услуги за светски реномирани клиенти меѓу кои работа во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, една од најреномираните инвестициски компаниии во Менхетен-Abdiel Capital, транскрибирање на интервјуа за разни книги, некои кои наскоро ке се појават како книгата Breaking Through на Berry Asin од Staffing Industry Analysts, работа со многу влијателните професори и тутори во САД и Австралија. Ова се само дел од клиентите со коишто веќе соработуваме.
Работата е многу погодна за студенти, проактивни лица, како и скоро диплломирани лица, кои кои бараат стабилна работа, напредок во кариерата и развој на сопствениот потенцијал. Кандидатите ќе имаат прилика да работат покрај Суперстар фриленсер кој е рангиран во најтесниот круг (1%) од најквалитетните луѓе, кој 2 години по ред добива највисоко признание од CEO-то на најголемата и најквалитетна платформа за работа Upwork.
Седиштето на компанијата се наоѓа во самиот центар на Штип веднаш позади трговски во зградите на приземје.