ФЕИТ со воведен курс за програмирање
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да ги научат основите на
програмирањето, новозапишаните и актуелните студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии може да го посетуваат новиот курс за програмирање Code@FEIT2017. Курсот, петти пат по ред, го организира Институтот за компјутерски технологии и инженерство при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и ќе трае од 11 до 15 септември.
Слушателите, во петте работни денови, ќе се запознаат со основите на
програмирањето и дизајнирањето алгоритми, а ќе имаат можност, преку
интерактивна настава, практично да преточуваат проблеми во алгоритми и
потоа, во програмски код.
- Целта на курсот е да се покаже нов пристап кон програмирањето, да ги
мотивира младите да учат програмирање и да креираат софтверски апликации.
Интерактивната настава ќе ја покрие наставниот и соработничиот кадар на
Институтот за компјутерски технологии и инженерство и кадар од Факултетската
компјутерска лабораторија - објаснува професор Марија Календар.
Сите заинтересирани може да добијат подетални информации на
официјалната веб страна на ФЕИТ или преку електронската пошта:
codeatfeit@feit.ukim.edu.mk.