Сѐ што треба да знаете за Северна Кореја

Сѐ што треба да знаете за Северна Кореја

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

koreja

Како што Северна Кореја и Америка продолжуваат да разменуваат закани, не знаеме многу за тоа како целата оваа ситуација им изгледа на луѓето од Северна Кореја бидејќи режимот на Ким Јонг-ун силно го држи населението и внимателно го контролира пристапот до надворешниот свет.

Земјата честопати е претставувана како изолирана и не баш во чекор со 21 век. Тешко е да се добие статистика и таа често се базира на процени, но што може да се каже за животот во Северна Кореја?

1
Фото: BBC


Ким Ил-сунг ефикасно ја основал Северна Кореја во 1948 година и неговата семејна династија владеела со земјата уште оттогаш, пренесувајќи ја контролата од татко на син.

Во истиот период Јужна Кореја успеа да управува со шест републики, револуција, неколку удари и транзиција кон слободни и фер избори. Вкупно 12 претседатели ја водеа земјата, во 19 мандати.

2
Фото: BBC


Три милиони мобилни телефони можеби изгледаат како многу - но во земја во која живеат 25 милиони луѓе, статистиката вели дека телефон има еден на секои десет луѓе. Повеќето корисници на мобилни се концентрирани во главниот град Пјонгјанг.

Спротивно на тоа, со население од 51 милион луѓе, во Јужна Кореја има повеќе мобилни претплатници од луѓе.

Со ефикасно единствена мрежа, „Коријлинк“, мобилниот пазар на Северна Кореја е ограничен, но расте. Првично воспоставено како партнерство со египетската телекомуникациска фирма „Ораском“, ова со години беше единствената опција.

Но во 2015 година „Ораском“ откри дека Северна Кореја воспоставува соперничка мрежа, „Бајол“, и беше принудена да им каже на инвеститорите дека ја изгуби контролата над милион претплатници.

3
Фото: BBC

Можеби звучи како урбан мит, но постојат истражувања според кои луѓето во Северна Кореја во просек се пониски од луѓето во Јужна Кореја.

Професорот Даниел Швекендик од Универзитетот „Сункункван“ во Сеул ја проучувал височината на севернокорејските бегалци, кои избегале во Јужна Кореја, и пронашол просечна разлика од 3 до 8 сантиметри.

Тој вели дека вистинската разлика не може да се припише на генетиката бидејќи двете популации се исти. Се смета дека недостигот на храна е главен фактор за тоа што Севернокорејците генерално се пониски.

5
Фото: BBC

Фотографии од главниот град на Северна Кореја покажуваат одличен автопат, меѓутоа, надвор од градот приказната е различна.

Северна Кореја има околу 25,554 километри патишта, а според бројките од 2006 година, само 3 отсто се асфалтирани, што е помалку од 724 километри.

Се проценува дека само 11 отсто од Севернокорејците поседуваат автомобил.

5
Фото: BBC

Северна Кореја се потпира на извозот на јаглен за да ја задржи својата економија, но тешко е да се измери вистинската вредност бидејќи податоците доаѓаат само од земјите што добиваат јаглен.

Голем дел од јагленот на Северна Кореја се извезува во Кина, која го забрани увозот во февруари 2017 година.

7
Фото: BBC

До 1973 година Северна и Јужна Кореја имале доста слични бројки во однос на богатството. Оттогаш Јужна Кореја напредуваше и стана еден од водечките индустриски производители, со компании како „Самсунг“ и „Хјундаи“ кои станаа глобални имиња.

Северна Кореја стагнира во 80-тите, кога земјата заглави во својот државен систем.

моќ
Фото: BBC

Додека Северна Кореја е 52-та најголема земја според населението, се смета дека е четврта по ред кога станува збор за армијата.

Воените трошоци се проценуваат на околу 25 отсто од БДП, а речиси секој Севернокореец поминал некаква форма на воена обука.

vek
Фото: BBC

Гладот кон крајот на 90-тите предизвикал намалување на животниот век во Северна Кореја, но дури и без овој фактор Северна Кореја е речиси 12 години назад.

Недостигот на храна е една од главните причини зошто во Јужна Кореја животниот век е подолг.

9
Фото: ВВС

Во 2017 година наталитетот во Јужна Кореја достигна рекордно ниско ниво, па земјата продолжи со децениската борба за зголемување на наталитетот на земјата.

Таа потроши 70 милијарди долари за делење бебе-бонуси, подобрување на породилното отсуство на татковците и плаќање третмани за неплодност.