Кризата во Северна Кореја објаснета во помалку од 300 збора
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Фото: Reuters
Севернокорејската криза, во најлош случај, се заканува со нуклеарна војна. Меѓутоа, работите се малку покомплицирани.
Зошто Северна Кореја сака нуклеарно оружје?
Корејскиот Полуостров бил поделен по Втората светска војна, а комунистичкиот север се развил во сталинската диктатура.
Речиси целосно изолирана на глобалната сцена, лидерите на Северна Кореја велат дека нуклеарните способности се единствената причина зошто надворешниот свет сака да ја уништи.
Колку Северна Кореја е успешна во тестирањето на нуклеарното оружје?
Северна Кореја тврди дека успешно тестирала хидрогенска бомба - што е многу помоќна од атомската бомба - што може да е намалена и ставена на проектили со голем дострел.
Државните медиуми го нарекоа тестирањето „голем успех“; иако аналитичарите велат дека тврдењата треба да се земат со резерва, информациите од американските разузнавачки служби покажуваат дека Кореја е способна за минијатуризација на хидрогенската бомба.
Пјонгјанг ја гледа Америка како главен противник, но има и ракети насочени кон Јужна Кореја и Јапонија, каде што се наоѓа базата на илјадници американски војници.
Што е досега направено за да се спречи?
Обидите да се преговара за разоружување досега се покажаа како неуспешни. Обединетите нации спроведуваа сè поостри санкции, меѓутоа, тие немале никаков ефект. Кина, единствениот сојузник на Северна Кореја, исто така ја притиска Северна Кореја.
Дали овој пат опасноста е реална?
Кризата е присутна со години, но сега е на сосема ново ниво.
Северна Кореја само што не ја нападнала Америка, а минијатуризацијата сосема ги менува работите. Во текот на летото Северна Кореја сè повеќе провоцираше, заканувајќи им се на американската пацифичка територија Гуам и на Јапонија.
Америка одговори со најновиот
тест велејќи дека нејзиното трпение не е неограничено и е подготвена да одговори воено. Досега реториката никогаш не била толку жестока и лична, а експертите се многу загрижени.