Оглас за вработување во Бирото за развој на образованието
Врз основа на член 6 став 1 точка 2 и член 7 став 1 алинеја 8 од Законот за Бирото за развој на образованието („Службен весник на РМ" бр. 37/2006, 142/2008, 148/2009, 69/13, 1 20/13 148/13. 41/14 и 30/16), член 3 став 1 алинеја 1, член 4 став 1, 4 и 5, член 5, член 10 и член 11 став 5 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешните соработници и утврдување на висината на авторските надоместоци и надоместоците за други услуги на Бирото за развој на образованието бр. 012840/1 од 16. 04. 2009 година, бр. 0110943/1 од 09. 10. 2009 година, бр. 0112210/1 од 18. 11. 2009 година, бр. 011207/2 од 08. 11. 2013 година, бр. 01534/1 од 04. 06. 2014 година, бр. 01534/2 од 13. 10. 2014 година и бр. 01534/3 од 31. 10. 2015 година, Бирото за развој на образованието објавува
КОНКУРС
за избор на иадворешии соработници за стручна работа на Бирото за развој на образованието
1 За изработка на наставни програми за учениците во основното и во средното образование, и тоа:
1. 1. Ревидирани/адаптирани наставни програми по англиски јазик за I, II, III и IV година на средното стручно училиште за ученици со оштетен слух, за образовниот профил конфекционер (текстилна струка); обработувач на метали и браварзаварувач (машинска струка).
1. 2. Ревидирани/адаптирани наставни програми по англиски јазик за I, II, III, IV и V година на средното стручно училиште за учениците со оштетен слух, за образовниот профил конфекциски техничар (текстилна струка) и мапшнски техничар (машинска струка),
1. 3. Наставна програма по основи на балетот за III одделение, на основното музичкобалетско училиште.
1. 4. Наставни програми по италијанскијазик (втор странски јазик) за I, II, III и IV одделение на основното образование.
1. 5. Наставни програми по италијански јазик (втор странски јазик) за I, II, III и IV година на средното образование.
1. 6. Наставни програми по информатика за VI и VII одделение на основното образование.
1. 7. Наставна програма по географија за VII, VIII и IX одделение на основното образование.
2. Надворешните соработници се рангираат и избираат според следниве критериуми:
а) соработниците од училиштата:
високо образование за соодветната област подрачје;
најмалку три години работно искуство во воспитнообразовната работа;
објавени стручни трудови кои се од значење за унапредување на воспитанието и образованието, самостојно или како дел од тим;
учество со свои труцови на стручни собири од областа на образованието;
учество во истражувачко развојни проекти од областа на образованието;
б) соработниците од факултетите и институтите:
најмалку магистерски студии;
работно искуство во воспитнообразовната или научната дејност;
објавени стручни, односно научни трудови кои се од значење за унапредување на воспитанието и образованието;
учествуво со свои трудови на научни и стручни собири за образованието;
учествуво во истражувачкоразвојни проекти во образованието.
б) Дополнителни критериуми за избор на надворешните соработници:
познавање компјутерски вештини;
други способности и вештини за извршување на работите.
За изработка на секоја наставна програма ќе се изберат најмногу до 2 (двајца) надворешни соработници кои ги исполнуваат критериумите од точка 2 (а) н до 2 (двајца) надворешни соработници кои ги исполнуваат критериумите од точка 2 (б)
Начин на пријавување и избор на соработниците
Кандидатите треба да достават пријава во која ќе се наведе точката од конкурсот за која се пријавуваат и следната документација: биографија, потврда за работно искуство, уверение, сертификат и слично, стручни трудови за исполнување на условите утврдени со објавениот конкурс.
Конкурсот трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање, не сметајќи го денот на самото објавување.
Избраните надворешни соработници кои ќе бидат вклучени во стручниоттимја доставуваат наставната програма до Бирото кое има право да врши стручни измени и дополнувања заради подобрување на квалитетот.
Пријавите со некомплетна документација (биографија, потврда за работно искуство, уверение, сертификат и слично, стручни, односно научни труцови за исполнување на условите утврдени со објавениот конкурс) и ненавремено доставените документи, нема да бидат предмет на разгледување.
Пријавите со потребната документација се доставуваат во архивата на Бирото за развој на образованието Скопје, или по пошта со препорачана пратка на адреса: Биро за развој на образованието, ул. Руѓер Бошковиќ" бр. 20, Карпош II, п. фах 172, 1000 Скопје, (контакт лице Ирена Борисовска, емаил: irenaborisovska@bro. gov. mk, тел. 3089031).
Биро за развој на образованието