И Хидрелез (турскиот Ѓурѓовден) влезе во УНЕСКО

И Хидрелез (турскиот Ѓурѓовден) влезе во УНЕСКО

Подготвил: Весна Ивановска-Илиевска / vesna.ivanovska@fakulteti.mk



И обичајот на Турците во Македонија да ја слават пролетта, познато како Хидрелез денеска стана дел од светското духовно наследство. Мултинационалната апликација на Македонија и Турција денеска беше позитивно изгласана на 12. состанок на Комитетот за заштита на нематеријалното културно наследство кој се одржува на Јужнокорејскиот остро Чеџу и беше впишана на репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото под покровителство на УНЕСКО. Неколку часа претходно, на репрезентативната листа беше впишан обичајот на почетокот на пролетта да се носат мартинки.

Славењето на пролетта, кај нас познат како Ѓурѓовден, во Турција како Хидрелез е номиниран на 30 март 2016 година, како мултинационална апликација на двете земји. Номинирањето на овој обичај има подолга историја. Уште пред шест години Македонија се обиде да аплицира со Ѓурѓовден, како мултиетнички обичај што различно го чествуваат повеќе националности во Македонија, заедно со Хрватска, Србија, Романија, Молдавија и со Турција. Но, досието беше вратено да се дополни и доработи. Од билатерални административни причини, решено е првата апликација да биде само на овој начин, а потоа да се збогатува со обичаите на другите националности кои слават Ѓурѓовден.