Авантуристите од Стојаково, сепак, со авион ќе стигнат во Пекинг, а „реното“ ќе остане во Улан Батор

Авантуристите од Стојаково, сепак, со авион ќе стигнат во Пекинг, а „реното“ ќе остане во Улан Батор

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Возачкиот тандем Шуклев/Николов, сепак, ќе мора со авион да стигне во Пекинг. Кинеските гранични власти не попуштија пред молбите да влезат со олдтајмерот „рено 4“, зашто немале склучено договор со туристичка агенција и немале обезбедено кинески возач. Сега нивниот автомобил ќе биде паркиран неколку дена на аеродромот во Улан Батор во Монголија.
Двајцата авантуристи од Стојаково и Гевгелија утре во 11.50 часот по локално време (16.50 по наше) ќе летаат за Пекинг, а во главниот град на Монголија ќе се вратат во сабота.



- Голема благодарност на почесниот конзул на Турција, Ајдован Адемоски и на министерот Никола Димитров и Министерството за надворешни работи за дадената поддршка. Се радуваме што се реши целата ситуација. Јас лично сум разочаран што нема со „реното“ да стигнеме во Пекинг , што ни беше главната цел. Од цело патување, проблемот на кинеската граница најмногу не скрши. Но, тоа е што е, битката ја изгубивме, не и војната. Се заколнав дека со „реното“ ќе стигнам во Кина! Им благодарам на сите за грижата. Се вклучи и почесниот монголски конзул во Македонија. Монголците беа пофлексибилни и ни дозволија да се вратиме назад, иако првично имавме само транзитна виза – ни објасни Николов.
Откако ќе поминат три дена во Пекинг, Шуклев и Николов ќе се вратат назад од Улан Батор до Стојаково, повторно со нивниот олдтајмер.