Првпат во Македонија вработување преку платформа за видеоинтервју
Технологијата се развива со неверојатна брзина. Апликации, чет-ботови и платформи отвораат нови можности со кои се олеснуваат нашиот живот и нашата секојдневна работа.
Такви се и интелигентните видеоплатформи - нови рекрутмент алатки кои го трансформираат досегашниот пристап на компаниите во однос на таргетирање, вработување и развој на вработени. Никогаш не било полесно да се пронајдат најдобрите таленти на најбрзиот начин.
Како всушност функционира една ваква алатка? Интелигентната видеоплатформа комбинира видеоинтервјуа со наука за предвидување и вештачка интелигенција, а гo проширува човечкиот одлучувачки фактор во процесот на вработување и испорачува повисок квалитет на таленти, на побрз начин. Ако досега беа потребни неколку недели за да се вработи некој кандидат, со ваквиот тип софтвери времето се скратува на само неколку дена.
Со употребата на оваа платформа се добива можност за обемно регрутирање, како и намалување на телефонските повици и на интервјуата лице в лице. Вработувањето преку ваков вид апликација e мотивирачко за кандидатите и е ориентирано кон нив. Секое интервју трае во просек 30 минути со однапред дефинирани прашања, најмногу до 6, а на секој кандидат му се дава по 1 минута да се подготви за интервјуто.
Овој нов начин на регрутирање првпат во Македонија ќе го примени телекомуникациската компанијата „Вип“, операторот со најбрз раст на пазарот. Во духот на стратегијата на „Вип“, „Јакнење на дигиталниот живот“, една ваква платформа за вработување ќе донесе сосема поинакво корисничко искуство не само за вработените во оваа компанија туку и за сите оние што сакаат да се пријават за некое од отворените работни места.
„Вип“ веќе започна со користење на оваа алатка, а ќе ја користи не само за внатрешни туку и за надворешни регрутации, како и за подобро запознавање на компетенциите, вештините и афинитетите на своите вработени.