Оглас за вработување во Макпетрол... Отворени се 52 работни места

Оглас за вработување во Макпетрол... Отворени се 52 работни места

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, иЗаконот за работни односи Макпетрол" А. Д. - Скопје распишува

ОГЛАС

За вработување на 52 работници на определено време, во „Макпетрол" АД. Скопје, на работно место продавач II категорија и продавач касиер I категорија на бензинските станици на територија на Република Македонија и тоа:

РЕГИОН ПРИЛЕП
Бензинска станица во Прилеп
7 работници на работно место продавач II категорија на определено време од 4 месеци

РЕГИОН ВЕЛЕС
Бензинска станица во Велес
6 работници на работно место продавач II категорија на определено време од 3 месеци

РЕГИОН ОХРИД

Бензинска станица во Струга
3 работници на работно место продавач II категорија на определено време од 3 месеци
Бензинска станица во Охрид
2 работници на работно место продавач касиер I категорија на определено време од 3 месеци

РЕГИОН ПОЛОГ

Бензинска станица во Кичево
4 работници на работно место продавач II категорија на определено време од 3 месеци
Бензинска станица во Тетово
7 работници на работно место продавач II категорија на определено време од 3 месеци

РЕГИОН КОЧАНИ
Бензинска станица во Кочани
1 работник на работно место продавач II категорија на определено време од 4 месеци
Бензинска станица во Македонска Каменица
1 работник на работно место продавач II категорија на определено време од 4 месеци
Бензинска станица во Виница
1 работник на работно место продавач II категорија на определено време од 4 месеци
Бензинска станица во Пробиштип
1 работник на работно место продавач II категорија на определено време од 4 месеци

РЕГИОН СТРУМИЦА
Бензинска станица во Штип
3 работници на работно место продавач II категорија на определено време од 4 месеци
Бензинска станица во Радовиш
2 работници на работно место продавач II категорија на определено време од 4 месеци
Бензинска станица во Струмица
4 работници на работно место продавач II категорија на определено време од 4 месеци

РЕГИОН КУМАНОВО

Бензинска станица во Куманово
3 работници на работно место продавач касиер I категорија на определено време од 3 месеци
5 работници на работно место продавач II категорија на определено време од 3 месеци
Бензинска станица во Крива Паланка
1 работник на работно место продавач II категорија на определено време од 3 месеци
Бензинска станица во Кратово
1 работник на работно место продавач II категорија на определено време од 3 месеци

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно стручно образование;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведените работни места изнесува 18. 200 денари.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Препорака од претходен работодавач:
Уверение од кривична евиденција;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол" А. Д. Скопје Сектор за човечки ресурси ул, „Св. Кирил и Методиј" бр. 4 Скопје лице за контакт: Марија Тодороска телефон за контакт: 02/3146491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање.
Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку email, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
„МАКПЕТРОЛ" А. Д. СКОПЈЕ