Вака изгледа совршена карпа мраз, ако некогаш сте се прашувале
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ако некогаш сте се прашувале како изгледа совршена карпа мраз, во продолжение можете да погледнете.
Научниците на НАСА откриле огромна и совршено правоаголна карпа мраз на Антарктикот и неодамна ја објавија на „Твитер“.
Познат како табеларен берг, масивниот блок од мраз е долг еден километар. Поради совршено обликуваните рабови, изгледа како мразот да бил намерно сечен на тој начин.
Ретко може да се видат вакви рабови или агли од 90 степени на карпа мраз. Кога овие работи се појавуваат во природната средина, изгледа како вистинско чудо.
Карпата мраз била пронајдена во близина на источниот брег на Антарктичкиот Полуостров, близу ледениот гребен Ларсен Ц, од научниците што летале над регионот.
Научникот Кели Брент од Универзитетот во Мериленд вели дека отцепувањето на долгите
карпи мраз често резултира со совршени, прави, геометриски линии.
Фото: Twitter