Како се создала речиси совршено правоаголната карпа мраз?
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Џереми Харбек, научник од НАСА, бил на истражувачки лет над Антарктичкиот Полуостров кога забележал карпа мраз која имала уникатна форма. Таа имала речиси совршена правоаголна форма, со прави агли и рамна површина, поради што изгледа како да е создадена од страна на човекот, а не од природата.
- Мислев дека оваа правоаголна карпа мраз е визуелно интересна и фотогенична, па направив неколку фотографии - објаснува Харбек.
Тие фотографии брзо станаа хит во целиот свет.
Покрај нејзината совршена форма, карпата мраз е сосема природна и не е толку невообичаена. Мразот има кристална структура, што значи дека е склон кон кршење по прави линии.
Во северната хемисфера ледената покривка лежи на карпеста површина и триењето меѓу мразот и површината прави карпите мраз да имаат неправилна форма која прва ни паѓа на памет кога ќе помислиме на карпа мраз.
Фото: Science Alert
Спротивно од тоа, кај Антарктикот главно имаме ледени плочи што пловат. Тие ледени блокови се слободни да се кршат по должината на нивната природна кристална структура, што резултира со карпи мраз кои често имаат прави рабови и мазни површини. Често гледаме карпи мраз со геометриски облици, иако таков совршен правоаголник е навистина ретка глетка.
Ѕидовите на новата карпа мраз се остри и речиси совршено вертикални, што сугерира дека таа е создадена неодамна. Како што ќе минува времето, така брановите ќе почнат да ги разјадуваат рабовите. Карпата мраз исто така ќе продолжи да се крши и ќе почне да се оддалечува од местото на
формирање.